Легализирано пушењето во целосно затворените летни тераси од угостителските локали. Со 41 глас “За”, 14 “против” и еден воздржан, пратениците од владејачкото мнозинство ги изгласаа измените во Законот за пушење по скратена постапка. Право пресрет на гласањето се одвиваше бурна дебата меѓу дел од пратениците кои беа против изгласувањето на овие измени и предлагачот Томислав Тунтев. Според нив, со носењето на овој закон се загрозуваат животите, како на пушачите, пратениците од опозицијата не беа присутни во салата.
Со измените на Законот не се укинува забраната за пушење во институциите и јавните установи, канцелариите, на автобуските и железничките станици, како и во другите затворени простории.