Шекеринска подготвена да испрати војници во Сирија против Русија?

Партијата Единствена Македонија преку соопштение упати остра критика до министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која наводно остварила тајна средба со амбасадорот Џес Бејли, кому му покажала подготвеност  да ги префрли македонските војници од Авганистан во Сирија за потребите на САД во војна против Русија.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

„Станува збор за 44 лица на АРМ кои во рамките на операцијата предводена од НАТО ‘Одлучна поддршка’ во моментот се наоѓаат во Авганистан. Единствена Македонија ја прашува Шеќеринска дали е свесна во каква опасна авантура влегува со испраќањето на македонски војници да послужат како топовско месо против Русија во новата светска војна која ја спрема САД. За Единствена Македонија е познато дека Шеќеринска и другите од партијата Погреб за Македонија составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат жестоко казнети од своите странски господари доколку не ги исполнуваат задачите против Македонија и Македонците откако претходно се веќе корумпирани и купени токму од овие странски ментори“, соопшти партијата на Јанко Бачев.

Тие додаваат дека ништо не може да оправда војување на македонски војници против Русија.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно