Новинар од ТВ24 се пожали од Анѓушев: Ме тргна на страна и ме праша – „кој тебе ти дозволи да снимаш изјава со Бугарката?“

Откако претседателката на „Транспаренси интернешанл“, Слаѓана Тасева, објави дека вицепремиерот, Кочо Анѓушев, и се заканувалпоради обвинувањата за негова наводна вмешаност во продажбата на „Фени индустри“, се јави и новинарот Владимир Тевчев од ТВ24 кој вели дека доживеал слично однесување од вицепремиерот.

Според Тевчев, на пуштањето во употреба на автоматот Демир Капија-Смоквица, Анѓушев го викнал на страна и го искарал за неговите прилози за комбинатот.

– Немав до тогаш комуницирано со него, ми беше прв разговор. Ме викна на страна да ми каже дека сум го растурил и дека ние како велешани треба да се штитиме. Замислете ја сцената – вицепремиер на среде автопат демонстрира сила и моќ над новинар! „Па кој тебе ти дозволи да снимаш изјава со Бугарката“, ми рече, на што му одговорив дека не треба од него да барам дозвола кого да снимам. Јас направив интервју со сите засегнати страни во „Фени“, отидов најдалеку, Анѓушев ниту беше нападнат во моите текстови, ниту одбранет, туку секоја изјава му беше пренесувана, вели Тевчев за Фокус.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно