(ВИДЕО) Војникот на АРМ за ТВ21: Не сум навредувал Албанци, моето потекло е од Корча!

Вели дека има потекло од Корча и дека живее опкружен со Албанци. Но, токму тој е посочен како едно од лицата кои учествувале во инцидентот во Крушево во кој, освен фрлањето на тврди предмети кон домашни и странски делегации, имаше навредливо скандирање против Албанците.

Богоевски е припадник на Министерството за одбрана. Од таму велат дека започнале истрага за случајот, а за таа цел формирана е и комисија. Тој вели дека бил во Крушево, но тврди дека не учествувал во инцидентите. Богоевски е убеден дека на крајот ќе излезе чист. Сепак, го загрижува нешто друго.

Во текот на вчерашниот ден имаше бројни реакции, но не и од оние кои се најповикани да реагираат, народните избраници. ВМРО-ДПМНЕ испрати неколку соопштенија по ред во кои ја обвинува власта за штетните државни политики. Но немаше ниту еден збор за осуда на инцидентот.  Иако беа прашани дали го осудуваат инцидентот, потврден одговор новинарите не добија.

Освен истрагата што ја започна Министерството за одбрана, според нашите информации и МВР започнало истрага против неколку полициски службеници кои биле во Крушево, а не реагирале соодветно и навремено.

Заев: Ако не добиеме датум за преговори, за тоа ќе биде виновна Албанија

Премиерот, Зоран Заев, очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули. Тој вели дека е оптимист и дека Европа треба да го испорача тоа што и беше ветено на земјава.

Сепак, има шанси Македонија да не го добие долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговори со Европската Унија. Како што вели Заев причина за ова не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија.

–За нас ние имаме позитивен амбиент, поради Договорот од Преспа и направените реформи. За жал констелациите не се добри, затоа постои дебата. Тука мислам на Албанија, и на Косово-Србија прашањето. Но верувам дека нема да се дозволи во ниеден момент после 14 години кандидат, и од 2009 година позитивна препорака, повторно бидеме одложени, дефинитивно тоа не е во полза тоа ниту на ЕУ – изјави Заев во интервју за „360 степени“.

Според него јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, вели, ќе се соочи со политичка криза.

-Ако добиеме пречка таа нема да доаѓа од дома. Нема претседател, канцелар, премиер кој ги става под прашање нашите перформанси. Заради констелациите со сите други земји, ќе се знае кога ќе биде одлуката. Доколку немаме датум ниту во јуни ниту во јули тогаш ќе се соочиме со политичка криза, затоа што ги ставивме сите карти на нашата интеграција во ЕУ. Тоа се очекувањата на нашите граѓани, би било проблематично доколку не се испорача тоа – рече Заев.

Продолжен викенд: Петок и вторник неработни денови!

Иако работната недела тукушто почна, ќе ви ја разубавиме со супер вест.

Пред нас е уште еден продолжен викенд. Во петок Македонија го празнува денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост па оттука ве информираме дека работната недела ќе трае пократко.

Согласно Законот за празници дека петок е неработен ден информираше Министерството за труд и социјална политика.

После овој празник, следен неработен ден е вторник, 4 јуни Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Ахмети: Не сум разговарал со Заев за „метлата“

Претседателот на Демократската унија за интеграција, на Али Ахмети останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите.

Ахмети вели дека на тој начин ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести. 

За смена на кадри, Ахмети вели дека засега не разговарал на таа тема со премиерот Зоран  Заев, и чека да поминат обврските на премиерот за да договорат состанок на таа тема. Заев од Виена повторно најави дека промените на дел од функционерите кои потфрлиле во својата работа ќе се случат на почетокот на идниот месец и кажа дека граѓаните испратиле јасна порака дека промена е потребна. 

Популарно