ВИДЕО: Атентатот на Киро Глигоров и авионската несреќа на Борис Трајковски во спот „ЗА европска Македонија“!

Најголем дел од коментарите на видеото се полни со прашања за поврзаноста на проблемот со името и настаните прикажани на видеото. Дали авторите сакаат да кажат причина за обидот за атентат на поранешниот претседател на Р. Македонија, Глигоров е резултат на проблемот со името, прашуваат дел од граѓаните на ФБ. 

Веројатно, идејата на видеото е да ни покаже колку грешки  направиле сите досегашни влади и политичари во Македонија, но токму и овој договор е потпишан од истите политичари...

Синот на Мисовски: Хитсеријата на јавноста ме натера да направам штетен потег за себе

По огромниот број на вработувања во семесјтвата на владејачката коалиција во јавни институции, реакциите во јавноста натераа досега двајца од нив да се повлечат од работната позиција. Еден е синот на пратеникот Мисовски, кој тоа го објави на ФБ:

- Драги пријатели и непријатели, во изминатите неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во АСО. Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас (повторувам јавниот оглас) за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување, во потполност ги исполнувам. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати (потенцирам) на јавниот оглас за вработување, како единствен пријаен кандидат кој ги исполнува условите за временото вработување на 12 месеци бев вработен. Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување во смисла на прекршување на каква било процедура за вработување, сепак чувствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место. Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почувствува барем мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера некој човек во државава да повлече потег штетен за себе покажувајќи интегритет и дигнитет.

Извор: Фејсбук статус Кристијан Мисовски

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ стана шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска – Јанковски, пишува „А1он“.

Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеци откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.

Директорката Бошковска – Јанковски ја потврди информацијата за „А1он“ и додава дека Миновска била избрана на јавен конкурс. Во врска со низата вработувања во Централен регистар на семејствата од функционерите, вели дека се е регуларно и по пат на јавен оглас. Таа ги демантира пишувањата на социјалните мрежи дека во Централниот регистар се вработени 70 лица кои се партиски кадри на СДСМ, ДУИ и НСДП.

Братучедот на градоначалникот Наумовски доби работа во „Централен регистар“

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеци бил вработен во Централен регистар на определено време. Двајцата живеат во иста куќа, во скопската населба Даме Груев.

Градоначалникот Наумоски тврди дека немал никаков влијание за неговиот братучед да биде вработен, а запрашан на која работна позиција е поставен, тој вели: „Не знам. Не сме се виделе одамна, поради обврските“. Претходно, во периодот 2004-2005 година и градоначалникот Александар Наумоски работеше во Централниот регистар.

„Не сум имал никако влијание. Како можам јас да влијаам? Тој е дипломиран, а таа е професионална установа каде треба квалификации. Тој има 7-8 години искуство. Централен регистар е професионална установа каде се потребни квалифакации“, вели Александар Наумоски за .

Од Централниот регистар не одговорија на прашањата дали Мирослав Наумоски ги исполнувал критериумите, на која работна позиција е распределен, на кој оглас се пријавил и како од сите кандидати токму тој е избран на позицијата.

На „фејсбук“ профилот од сега вработениот Мирослав Наумоски можат да се видат низа од фотографии каде тој се појавувал на партиски активности организирани од СДСМ, а учествувал и во предизборната кампања на неговиот братучед Александар Наумоски. Во периодот од 2009-2013 година тој бил советник на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.

Антикорупциската комисија минатата недела ги објави случаите кои ќе бидат отворени за вработувањата на децата и роднините на актуелни функционери во државниот сектор, а премиерот Зоран Заев најави дека веќе дел од нив му потврдиле оти нивните блиски ќе се откажат од работните места.

Денеска, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место во Централниот регистар во Струмица, но дека станува збор само за „морален чин“.

Популарно