Два месеци телото на чичко Цобе стои во капелата во Бутел

Речиси два месеци по трагичниот настан во центарот на Скопје, во кој до смрт беше претепан Слободан Минциковски познат како чичко Цобе, тој сѐ уште не е погребан. Поради лошата материјална состојба на семејството, неговото тело и натаму е во капелата во Бутел, поради што пристигнуваат апели за помош. Ја пренесуваме молбата од Отец Оливер:

„Скоро два месеци од немилиот настан во Скопје, кога после претепувањето чичко Цобе подлегна на повредите. Се сеќаваме на него, но вооедно и апелираме за дособирање на средства за да може да се погреба во Бутел. Слободан Минциковски (или како што го знаевме сите како чичко Цобе) продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на 'Дрво Декор'. Тука беше постојано, спиеше, се хранеше и продаваше. Пред една година едниот син му загинува во сообраќајка.

Секоја сабота редовно го посетувавме и му носевме храна, но го посетувавме и во текот на седмицата, носејќи му постелнина, душеци, лекарства, завои и останато. На 2 август годинава се случи немил настан, кога во ноќните часови беше нападнат од четворица и беше претепан. После два-три дена, чичко Цобе подлегна на повредите и од тогаш сѐ уште е во капела Бутел и нема кој да го погреба.

Не беше евидентиран како бездомник, затоа што имаше куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош, има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците.

Во изминатиов период се потрудивме да ја решиме оваа ситуација и стапивме во контакт со институции, погребалното Бутел и неколку други здруженија. Останаа уште 4.000 ден кои се потребни за да може конечно чичко Цобе да се погреба.

Доколку сте во можност да помогнете ве молиме да нѐ контактирате, за да ве насочиме каде да го извршите плаќањето“.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно