Јанкуловкса се расплака: Требаше да се грижам за 2-месечно бебе, немав еднакви можности да се бранам од обвинението

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска во завршните зборови на одвоената постапка за случајот „Тенк“ кажа дека според неа кај дел од судечкиот совет чиј претседател е судијката Добрила Кацарска постои пристрасност уште од самиот почеток на судскиот процес, пренесува А1 он. Екс-министерката низ солзи ја прокоментира одлуката на Судечкиот совет во експресен рок да го заврши процесот.

– Ова е постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на Процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеци, а сега на крајот има 3 месеци, рече Јанкулоска низ солзи.

Јанкулоска смета дека овој случај немало потреба да се смета за итен и да се заврши за само 1 месец и според неа нејзината вина во очите на судот воопшто не е спорна со оглед дека била утврдена без нејзино присуство при осудата на експремиерот Никола Груевски и поранешниот заменик министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски.

Јанкулоска покрај обвинувањата кон Судечкиот совет, во завршните зборови ги отфрли сите обвинувања дека имала некакво влијание во набавката на луксузниот мерцедес, односно дека извршила злоупотреба на службената положба со поттикнување на тогашниот заменик министер Ѓоко Поповски да го нарача автомобилот мерцедес ес600 гард по желба на експремиерот Никола Груевски, а притоа да го фаворизира операторот Макаутостар.

Пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ ќе биде соопштена на 8 октомври, соопшти денеска претседателката на Судечкиот совет Добрила Кацарска, по изнесените завршни зборови.

Во „Тенк“ веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно