„Мицињата чекаат да добијат власт во новата северна татковина, зошто муртинците се мртви!“

„Мала ретроспектива:

27 февруари, 15,.000 души на студ и снег протестираат против идејата за промена на името. Мицињата „СЕ ОГРАДИЈА“.

17 јуни - масовни протести во Скопје против капилитулацијата од Нивици. Мицињата "СЕ ОГРАДИЈА". Ги однесоа своите слепи следбеници на прошетка во Битола.

Договорот е противуставен, прекршени се сите собраниски процедури. Мицињата не помислуваат да го напуштат собранието. КООПЕРАТИВНИ се. 

Потоа Мицињата се КООПЕРАТИВНИ за тоа кој да биде председател на ДИК кога Муртинците објавија дека ќе прават референдум. На Мицињата на крај памет не им е да го напуштат собранието и да ги сопрат сите процедури, да повикаат на бунт. Кооперативно само.

Референдумот наближува, Мицињата тактизираат. Организираат уште една провинциска прошетка за овчичките. Мора да ги држат во кондиција. Пазарот сака поише мускулести бајчиња.

2ри Август. На Мечкин камен се сјатуваат родољуби да го искажат својот став за предавството од Нивици и да го поткрепат Председателот на Републиката. Мицињата своите следбеници ги носат што подалеку - у факинг Ташмаруништа,.

30 Септември. На референдумскиот ден Мицињата се без став. Во 11 часот е јасно дека референдумот пропаѓа , се јавува Мицето - немало да гласа. Генсекот почека уште малку. Се јави во 16ч дека немало да гласа.

19 Октомври. Мицињата ги носат пратениците во собранието и ги оставаат таму да бидат 12 часа обработувани од Муртинците. Не прават ништо да ги повлечат во штабот, да излезат пред собранието, да го повикаат народот на општ протест и бунт. Ги оставаат таргетираните пратеници на чистина да бидат обработени. Потоа да глумат патриоти. Народот очекува масовни протести и отпор од секаков вид

20 Октомври. Мицињата ги исклучуваат пратениците кои ги донесоа на 12-часовна обработка на Муртинците од својата секта. Работата е завршена, и тие сега може да продолжат да глумат патриоти без да се виновни, а при тоа да се КООПЕРАТИВНИ. Ќе избркаме пар души од партијата. Ќе дадеме уште пар жестоки прес конференции. Бајчиња ќе ја проголтаат и оваа прикаска.

23 Октомври. Народот очекува протести, Мицињата се во театар плескаат рачиња на новиот лидер. Веќе не е “Никола, Никола“. Сега е “Христијан, Христијан“. Неважно е што цело време има дезавуација. Важно е да се гради култ на личноста. Стара добра комунистичка пракса.

За тоа време 200 тврдокорни души протестираат пред собранието, Мицињата се на коктелче.

Името ќе се смени, Мицињата ќе си ја истресат вината од себе. Чекаат да добијат власт во новата северна татковина, зошто Муртинците се мртви.

Чиста дијалектика.“

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно