Јанко Бачев, лидерот на Единствена Македонија, пред малку бил приведен и однесен на информативен разговор во полиција, пренесува Фокус.
-Во моментот претседателот Бачев е приведен од страна на полицијата за време на одење во партискиот штаб на Единствена Македонија пред оддржување на редовниот состанок на „Македонија блокира“. Не знаеме во која полициска станица е одведен, пишува на официјалната фејсбук станица на партијата.
Како што неофицијално дознаваме, Бачев е повикан на информативен разговор поради закана објавена на фејсбук.