„Какво Косово, јас сум Албанец, но ќе си навивам за Македонија“!

Едно од полуфиналињата од групите Д во лигата на нации ќе се игра во Скопје, а ќе ни гостува Косово. Дуелот закажан за во март 2020  уште отсега ги разгоре страстите, зашто мечот многу повеќе ќе добие политичка конотација во односот на Македонците и Албанците, отколку во спортска борба на два соседи на патот кон историски настап на еден континентален шампионат.

Одамна е позната навивачката нетрпеливост на Македонците и Албанците во домашниот фудбал, голема е нетрпеливоста и во поголем број на секојдневни случувања, па најголемиот дел нормално очекуваа длабока поделеност и за најважниот меч за двете земји – Македонците да си навиваат за Македонија, а Албанците за Косово.

Откако Косово на спектакуларен начин со 4-0 го победи Азербејџан и закажа пресметка со Македонија во полуфиналето, многу македонски Албанци, помалку и изненадувачки, објавија за кого ќе навиваат и тоа е – Македонија.

„Какво Косово, јас сум Албанец, но ќе си навивам за Македонија“, пишува еден Албанец во коментари.

„Ќе се навива за Македонија! Не ги мешајте Хасани, Алиоски, Пандев, играчите доаѓаат и си одат, репрезентацијата останува. Немојте да нè делите“, пишува друг.

На Балканот политиката има примарно место, а сета нетрпеливост секогаш произлегува од политичките односи, па сето тоа се прелева на секојдневниот живот, спортот...

„Оставете политиката на страна. Драго ми е што се пласираа Косово и Македонија, па сега кој е подобар спортски нека победи. Косово нека си навива за Косово, ние ќе си навиваме за Македонија. Јас не живеам на Косово за да навивам за нив, јас живеам во Македонија и тоа е моја држава и нормално е за неа да навивам“, додава друг Албанец.

Мечот Македонија – Косово ќе се игра во март 2020 година. Дотогаш како ќе одминуваат деновите, така ќе зоврива и атмосферата, зошто и за двете земји шансата е историска. Нормално, веројатно нема сите Албанци во Македонија да навиваат за Пандев, Хасани, Барди, Алиоски, Трајковски, Тричковски и останатите. Тие со жешки глави, наводно „навивачи“ ќе навиваат против Македонија, но одчигледно е дека има и нормални, кои оваа држава ја сметаат за своја и ќе се радуваат на успех кој може да стане и историски со пласман на Евро 2020 низ Европа.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно