Видео: Даниел Стефановски се закити со нова светска титула

Доцна синоќа  Даниел Стефановски се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик бокс организации. Стефановски за противник го имаше Софијан Алилуше од Франција.

Македонскиот шампион Даниел Стефановски, кој е Европски и Швајцарски првак во тајландски бокс, на синоќешниот натпревар во Цирих се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик боксерски организации.

Стефановски на синоќешниот натпревар доминираше против Францускиот противник Софијан Алилуше и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда. Французинот Алилуше после силнио К.О падна на колена пред Македонскиот воиин, а Даниел ја однесе победата на натпреварот и во неговата богата колекција на титули и бројни светски и европски признанија, се закити со нова светска тутула на ИСКА.

Даниел е исто така и Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година.

Гордиот Македонец Даниел Стефановски е роден во Швајцарија, а неговите родители потекнуваат од Куманово.

Првите чекори и љубовта за овој спорт ги покажал кога имал 13 години. Неговата професионална кариера ја започнал со мај-тај и кик-бокс, а во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.

Неговите амбиции не застануваат на овие титули, туку се стремат кон нови победи и успеси во неговата професионална кариера.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

We are ready👊🏻 #andnew #iska #worldchampion #war #themacedonianwarrior @mirkokuhn

A post shared by TEAM STEFANOVSKI👊🏻 (@k1_daniel_stefanovski) on

Македонија вечерва против Казахстан — борба за врвот во групата и чекор поблиску до Мундијалот 2026

Атмосферата во Скопје е наелектризирана. Вечерва на Националната арена „Тоше Проески“, фудбалската репрезентација на Македонија ќе се соочи со Казахстан во натпревар од огромно значење за квалификациите за Светското првенство 2026. Со почеток во 20:45 часот, оваа средба може да биде пресвртница во борбата за директен пласман на Мундијалот.

Македонија моментално се наоѓа на првото место во својата квалификациска група со 12 бодови, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс, кои имаат натпревар помалку. Победа вечерва би значела огромен чекор кон историски втор настап на светско првенство, по сензационалниот плеј-оф успех за ЕВРО 2020.

По херојскиот бод на гостувањето кај Белгија (0:0), селекторот и фудбалерите се решени да го капитализираат тој резултат со сигурен настап пред домашната публика. Се очекува Македонија да игра офанзивно од првата минута, но со внимателен пристап, бидејќи Казахстан е противник кој знае да изненади — особено преку контранапади и удари од дистанца.

Селекторот најави неколку промени во составот во однос на мечот во Брисел, со цел да се освежи тимот и да се добие повеќе брзина по крилата. Најголем дел од вниманието ќе биде насочено кон капитенот Елиф Елмас, кој и понатаму е движечка сила на тимот, но и кон искусните играчи како Бардхи и Алиоски, кои треба да ја донесат потребната стабилност и креативност.

Одбраната, предводена од Велковски и Муслиу, ќе има задача да ја задржи концентрацијата и да спречи непотребни грешки кои во вакви натпревари знаат да бидат клучни. Македонија има една од најдобрите дефанзиви во квалификациите — со само два примени гола до сега, што е голем показател за зрелоста на тимот.

Казахстан, од друга страна, иако е аутсајдер на хартија, доаѓа по убедлива победа од 4:0 над Лихтенштајн и сигурно нема да се предаде без борба. Тие се физички силен состав, кој ќе се обиде да го искористи секој момент на невнимание и да создаде шок во Скопје.

Македонските навивачи очекуваат фудбалска вечер исполнета со страст, борбеност и радост. Победа вечерва не само што ќе ја задржи Македонија на врвот на табелата, туку и ќе донесе уште поголема верба дека „црвено-жолтите“ можат да бидат дел од светската елита во 2026 година.

На теренот и на трибините — вечерва сите дишат како едно: Македонија оди по нова историска страница во својот фудбалски сон.

Златен медал за Ангела Мојсовска на Европската Универзијада во Варшава!

Македонската универзитетска карате репрезентација во финалните борби од последниот ден на Европската универзијада која се одржува во Варшава успеа да освои златен медал. Со тоа Македонија на ова елитно универзитетско европско натпреварување, освои вкупно три медали и оствари два високи пласмани на 5-то место.

Медалите ги освоија Ангела Мојсовска златен медал, сребрен медал  Љупче Михаилов и еден бронзен медал Викторија Јовановска. Петар Заборски (-75кг)  и Јована Мицовска (-61кг), се високо пласирани на петто место.

Ангела Мојсовска – Златен медал

Ангела Мојсовска  успеа во финалната борба да ја победи противничката од Косово Мустафа Бехије  со резултат 4-3 и го освои златниот медал во категоријата -68 кг. Ангела Мојсовска настапи за универзитетот (Св, Кирил и Методиј, таа е член на К.К Макпетрол – Скопје.

Љупче Михаилов вториот финалист не успеа да победи во борбата за златен медал и тој го освои сребрениот медал во категоријата -75 кг.

Медалистите ги имаа следните настапи:

-68 кг

Ангела Мојсовска – Нина Лукенда (Хрватска) 8-4

Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ ( БиХ) 4-3

Ангела Мојсовска – Влере Керими (Косово) 3-1

Финале

Ангела Мојсовска – Мустафа Бехије (Косово) 4-3 златен медал

Љупче Михаилов, сребрен медал

-61 кг

Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2

Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3

Репасаж

Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1

За бронза

Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0 бронзен медал

-75 кг

Љупче Михајлов – Аднан Карача (БиХ) 7-1

Љупче Михајлов – Кара Абдулјадир (Турција) 1-0

Љупче Михајлов – Дмитро Федотов (Украина) 4-0

Љупче Михајлов – Нико Шпарер (Швајцарија) 4-0

Финале

Љупче Михајлов – Омер Фарук (Турција) 0-10 сребрен медал

Љупче Михаилов, сребрен медал

(ВИДЕО) Борба помеѓу руски командос и американски специјалец

Хит на социјалните мрежи, со над 1,4 милиони прегледи стана бокс мечот помеѓу борец од руската специјална единица „Алфа“ и маринец од американската војска.

Дмитриј Степанов бил немилосрден против офицерот во маринците Денис Лејн, кој пред борбата бил преставен со прекарот „Ураган“.

За помалку од две минути Степанов успеа да ја добие борбата против американскиот маринец.

Популарно