ВИДЕО: Смешно е тврдењето дека Јанева земала само 4.000 евра од 8те милиони!

Денеска и официјално завршува обвинителската и политичката кариера на првиот соработник на Зоран Заев, тоа е Катица Јанева. Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет позади кој самиот тој Зоран Заев седи и ја поддржува. Неговата одлука беше Катица Јанева да биде и унапредена во државен јавен обвинител, рече на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Приведувањето на Катица Јанева е чекор кој требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот „Рекет“. Овој временски простор кој го имаше од излегувањето на скандалот „Рекет“ до денес поминаа повеќе од 40 дена, и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше време да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци, и да работи се останато во нејзина корист“, рече Арсовски.

Тој истакна дека според она што до сега беше видено, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција кој што во моментов го гледаме во Република Македонија преку случајот „Рекет“.

„Скандалозно, па дури и смешно е тврдењето на Јавното обвинителство дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Катица Јанева која ја завршила практично главната работа за која што биле барани парите, земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните кои и што самите видоа како што се одвиваше целиот случај на рекетирање“, додаде Арсовски.

Тој подвлече дека „се додека не се стигне до главните инсипиратори и нарачатели“, да се дознае улогата на политичарите, на Кики, на Фрики, и на Шеки, „на главата на Октподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија“.

„Уште од почеток предупредувавме доколку Зоран Заев процени дека тој е самиот загрозен, ќе се откаже од сите свои луѓе само за да се спаси себе си и својата кожа.

Апсењето на Катица Јанева не смее да се претвори во акција за спас на кариерата на Зоран Заев кој е целосно компромитиран и разнишан. Затоа потребно е да се знае која била улогата на Кики, која била улогата на Фрики, која била улогата на сите оние кои што потпишуваа меморандуми и беа блиски соработници на „Меѓународен сојуз“, која е хуманитарна фондација на еден од осомничените, точно да се знае одговорноста на главата на криминалниот октопод“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно