Героски: Се е договорено - Катица ќе добие банално обввиннение, за да не била претерано посрамотена

Новинарот Бранко Героски, кој прв во јавноста проговори за изнуда на пари од страна на Боки 13, денеска имаше свој коментар за апсењето на Катица Јанева.

Героски, најпрво почека органите на власта да ја сработат својата работа и да донесат одлука, за подоцна да искоментира. Ова е неговиот Фејсбук статус:

„СЕПАК, ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА ИСТРАГАТА!!!

Почитувани пријатели,

Овој коментар ви го испраќам како лична порака до Вас тројцата (Владимир Милчин, Александар Николиќ Писарев и Јорданка Ивановска Јоци), нешто пред 16.30 часот. Ќе го објавам вечерва, откако ќе биде донесена одлуката дали Катица Јанева ќе заврши во притвор. Не сакам до тогаш на ниту еден начин да влијаам на одлуката.

Сė во врска со Јанева и аферата "Рекет" засега се одвива според сџенариото за кое слушнав пред десетина дена. Финишот треба да биде домашен притвор и на крајот банално обвинение, за жената да не била претерано посрамотена.

Во овој момент, навистина не знам дали тоа сценарио ќе се обистини. Но, сите заедно ќе знаеме вечерва. Ако се покаже дека шпекулациите биле точни, тогаш треба да се збогуваме со надежта дека постои сериозна спремност оваа афера да се затвори на тој начин што ќе има и правда и политичка одговорност.

Ако, пак, одлуката на Судот вечерва демантира дека постои такво сценарио - а многу посакувам моите извори барем еднаш да згрешат! - тогаш можеби има шанса за институционална разврска на скандалот. А со тоа и шанса за Македонија!

ПС. Ве молам чувајте ја оваа моја "ковертирана" порака во вашиот инбокс и не ја објавувајте пред време. Ви благодарам.“

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно