ФОТО: Дали некој ја cликал Катица во Шутка?

На интернет се појави фотографија на која обjаBувачот твpди дека се наоѓа cпецијалната јавна обвинителка Катица Јанева во истpажниот 3атвоp во Шутка.

Релевантноcта на фотографијата не е потврдена.

Cyдот реши: Дали Боки 13 и Кичеец изглегуваат од Шутка?

Судот им го продолжи притворот за уште 30 дена на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои се осомничени во случајот „Рекет“.

„Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје денеска постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена“, соопшти кривичниот суд.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Јовановски и Милески се во притвор од 16 јули. Ти се осомничени за примање поткуп и перење пари во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

ФОТО: Училишните дворови преплавени со расфрлани летоци со македонската химна

Расфрлани летоци по основните училишта со македонските химни.

Македонската јавност, особено родителите на децата кои посетуваат основно училиште овие денови се гневни на власта која ги злоупотребува децата за политички цели.

Имено откако во јавноста се појавија информации дека власта се откажала од македонската химна во учебниците јавноста се крена на нозе.

По острата реакција на јавноста денеска во неколку основни училишта во Скопје беа расфрлени летоци со македонската химна, алудирајќи на властите да не ја забрануваат химната во училиштата, особено на првачињата кои за прв пат ќе се сретнат со неа.

(ВИДЕО) Заев: На референдумот излегоа 64% од граѓаните на Македонија!

Ваква дилема фрли изјавата на Заев кој рече оти бил сигурен дека 64 отсто од присутните граѓани во земјава излегле да гласаат на редерендумот минатата година. За ова премиерот се потпира и на истражување на институтот ИФИМЕС чии анализи, според првиот човек на Владата, биле регионално релевантни.

„Јас верувам дека 64 проценти од тие што биле во државава гласале на референдумот“, рече Заев.

Популарно