Мертенс постигна два гола ама цел Неапол пишува за – Елиф Елмас

Eлиф Елмас пред два месеци за сума од 16 милиони евра се пресели од Фенербахче во Наполи.

Уште на стартот медиумите во Неапол имаа големи очекувања од македонскиот бисер кој важи за еден од најпреспективните играчи во најсилните првенства. Елмас вчера за прв пат беше стартер во Серија А во натпреварот против Сампдорија.

Наполи тој натпревар го доби со 2:0, двата гола ги постигна Белгиецот Дрис Мертенс. Елмас не се запиша во листата на стрелци и не асистираше, но и покрај тоа во Неапол за неговиот настап се пишува со воодушевувањe.

Едни од најпознатите италијански имиња после вчерашниот настап на големо го фалеа Елмас.

„Дрис Мертенс постигна два гола, но навивачите веќе се навикнати на такво нешто од Белгиецот, па затоа сцената ја украде момчето кое за 20 дена ќе наполни 20 години. Елмас е роден 24-ти септември 1999 година, но воопшто не изгледа така на теренот. За него тоа беше прв старт во Серија А пред домашната публика, меѓутоа кај него не можеше да се забележи некаков притисок или страв. Може да игра на сите позиции во средината, во репрезентацијата го користат и како напаѓач. Тој е играч каков што посакува секој тренер“, пишува новинарот од Неапол, Виторио Пероне.

Енрико Вариале кој работи во државната телевија „РАИ“ во извештајот за натпреварот кратко го прокоментира и настапот на Елмас.

„Сигурна победа на Наполи кај Сампдорија. Мертенс постигна два гола и обезбеди триумф, но тој не беше најдобар на теренот. Тој епитет од мене оди за Елиф Елмас. Има 20 години и фантастични предисопозиции“, стои во делот за Вариаеле за Елмас.

Пофалби за Елмас стигнаа и од новинарот кој важи за експерт на трансфер пазарот Алфредо Педула. За Педула Елмас не е обично засилување за Наполи.

„Тој не е обично засилување има се зада биде големо засилување. Елмас го освојува Неапол уште сега, а има само 20 години. Анчелоти знаеше каков играч е и затоа притискаше клубот да му го доведе. Големо браво и за него и за Елмас. Наполи има модерен фудбалер кој може се на средината од теренот“, пишува Педула.

Потоп на Вардар во Веспрем

Денеска ракометарите на Вардар го претрпеа и вториот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, актуелниот европски првак вечерва загуби на гостувањето во Веспрем со преубедливи 39-30.

Овој натпревар беше реприза на финалето во Келн, а поразот од „Ланксес Арена“ му послужи како дополнителен мотив на унгарскиот состав, кој одигра одлично во нападот и стигна до заслужена победа. Тренерската смена не ја донесе посакуваната „шок-терапија“, Вардар во голем дел од мечот делуваше загубено во одбраната, па убедливиот пораз беше неизбежен.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Warm up... Vardar vs Vesprem.. . . . .#rakomet #hcvardar #rkvardar

A post shared by РК Вардар (@rkvardar) on

Вардар парираше само во почетните пет-шест минути, кога македонскиот првак имаше минимална предност во неколку ситуации. Веспрем за момент ја стегна одбраната и тоа веднаш вроди со плод, па Унгарците поведоа со 9-5, а Кокшаров беше принуден да побара тајмаут. Ниту исклучувањата на Благотиншек и на Тенесен не донесоа преголем „плус“ за „вардарци“, пред се поради очајната одбрана крај која Веспрем рутински реализираше.

Тимур Дибиров беше единствениот расположен за игра во таборот на Вардар, а токму благодарение на серијата погодоци на руското крило беше намалена и предноста на домаќинот, на само два гола разлика (15-13, 16-14). Неколкуте грешки во нападот во завршницата им подарија на домаќините лесни погодоци, Веспрем имаше 21-16, пред Дибиров со својот шести гола да ги постави конечните 21-17 по 30 минути игра.

Вардар покажа многу подобра игра во одбраната на стартот од вториот дел, три минути не прими гол и ја преполови негативата. Сепак, во 34. Минута исклучување заработи Кристопанс, а домашните ракометари знаеја како да го искористат тоа. Повторно се влезе во ритам на игра што му одговара на Веспрем, а откако Манасков погоди за водство на домаќинот од 26-21, Кокшаров беше приморан да интервенира со нов тајмаут.

Сепак, советите на Русинот не вродија со плод, па Веспрем предводен од Лауге на 15 минути до крајот стигна и до „плус шест“ (30-24). Потопот продолжи, па по исклучувањето на Калараш во 51. Минута, Вуко Борозан погоди за најубедливи осум гола предност на Веспрем до тој момент (33-25). Кокшаров последниот тајмаут го побара при 36-27, откако му даде шанса и на третиот голман (Кизиќ), но впечатокот што Вардар го остави на овој меч беше далеку од оној што му доликува на актуелен европски првак, за конечни 39-30. Исфрустриран од она што го гледаше на терен, капитенот Стојанче Стоилов пред самиот крај заработи и исклучување.

Дибиров со осум гола беше најефикасен кај Вардар, Дисингер постигна пет погодоци, но од дури 11 обиди, а по три гола постигнаа Кристопанс и Чупиќ. Дејан Манасков постигна три гола за Веспрем, а најдобри поединци во победничкиот тим беа Лауге со осум, Нилсон со шест и Ненадиќ со пет погодоци.

Денеска се жени Рафаел Надал

Рафаел Надал ќе се ожени на Мајорка со својата дологодишна девојка Марија Франсиско Парело која шпанските медиуми ја нарекуваат Чиска.

Славниот тенисер на раскошната свадба ќе има 500 гости, пренесуваат шпанските медиуми.

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Рафаел на својата свадба ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално јадење на база на месо и риба.

Гостите меѓу другите ќе бидат Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи и употреба на дронови.

Приватни авиони исто така нема да смеат да го надлетуваат местото, се со цел да биде спречено папараците да дојдат до ексклузивни фотографии од свадбата.

Невестата одбрала фустан од Барселона, додека венчавањето ќе го изврши свештеникот Томе Катала, пријател и духовник на смејството Надал.

Фото: Врати се мајсторе

Како што објавивме поранешниот среден бек на РК „Вардар“ кој седум години помина играјќи за „црвено-црните“, Игор Карачиќ, повторно се врати во Скопје. Причината за неговото враќање е болката што подолго време ја чувствувал во пределот на градниот кош поради континуираните удари што ги добивал за време на ракометните натпревари.

Тој ја искористи оваа посета да се сретне со своите соиграчи, а фановите  му порачаа: „ВРАТИ СЕ МАЈСТОРЕ“

Популарно