Викендов дијалог на македонски и бугарски новинари против предрасудите

„Викенд на дијалог – новинари против предрасудите" е новинарска иницијатива за зголемена меѓусебна комуникација и размена на информации на новинари од соседни земји со цел јакнење на професионалното новинарство контра лажните вести.

Целта е да и се даде можност на комуникацијата и соработката како единствена здрава основа за рушење на предрасудите и стереотипите и градење на меѓусебна доверба.

Идејата е новинари од соседни држави, еден викенд меѓусебно да разговараат, без какви било посредници, за состојбата во медиумите, креирањето на информациите, како и да лоцираат точки кои предизвикуваат емоции во известувањето.

Новинарството или националната припадност? Што е поважно во креирањето информации? Можат ли новинарите да го победат говорот на омраза?

Првиот „Викенд на дијалог“ е организиран во соработка со новинари од Бугарија, кои ќе бидат гости во Охрид. На првиот Викенд на дијалог ќе присуствуваат седум новинари од Бугарија од релевантни медиуми и седум новинари од релевантни медиуми од Македонија.

Носител на иницијативата е Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права „Медиум“ – Скопје, а поддржан од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно