Со оваа иновација лицата со оштетен вид ќе може да гледаат

Израелската иновација „ор кам мај ај“ (OrCam MyEye) на слепите и на лицата со оштетен вид ќе им овозможи : читање печатени и дигитали текстови, весници, книги, ресторански менија, знаци, етикети/декларации на производи, екрани на мобилни и компјутери. Се очекува во текот на месецов  да пристигне и кај нас.

Прв корисник ќе биде девојче од Битола.

Како ќе се дистрибуира „ор кам мај ај“ и за кого сè ќе биде достапен, допрва ќе се дефинира, иако првичните контакти со надлежните се веќе направени.

Станува збор за многу едноставна направа, базирана на технологија (софтвер) за вештачки вид. Освен што чита печатени и дигитали текстови, препознава и лица, производи, кредитни картички, пари…

Тежи само 22,5 грама и по принцип на магнет се „закачува“ на рамките за очила.

– Со нашиот паметен уред оспособуваме десетици илјади луѓе кои се слепи или имаат оштетен вид. Им овозможуваме да работат, да функцонираат нормално во секојдневниот живот – рече Рафи Фишер од „Ор кам“ пред македонските новинари кои со поддршка на Фондот за иновации имаа можност да посетат повеќе стартапи во Тел Авив и Ерусалим.

Демонстрирајќи како функционира уредот, Фишер напомена дека „ор кам мај ај“ работи и во темно, а пораките (читањето) ги пренесува преку мини ХД-звучник. Во него е вграден и ГПРС-навигатор.

Апаратчето е способно автоматски да го ажурира и софтверот за вај-фај.

Батеријата трае 1,5 час ако корисникот чита книга или цел ден ако се користи повремено. Уредот сам кажува колку од батеријата е потрошена, а се полни многу брзо, 70 отсто за 15 минути.

– Капацитетот на препознавање е 100 лица (со име и презиме), два милиона различни баркодови и 200 видови производи. Притоа, сè што корисникот чита, останува, се чува во апаратчето. Значи, од тој аспект, смарт уредот е сосема доверлив, безбеден. „Ор кам мај ај“ може да ви каже и колку е часот, ако носите рачен часовник и го приближите накај него, како и да ве предупреди дека некој стои спроти или до вас, дали е машко, женско или дете – објасни Фишер.

На компанијата ѝ требале многу години да го развие производот. Првата генерација „ор кам мај ај“, освен „читач“, имала плус два засебни дела: батерија и жица, кои корисникот морал да ги носи со себе. Но, сегашната, напредна верзија е значително поедноставена. Сè е содржано во една компонента.

Засега, уредот „зборува“ на 25 јазици, меѓу кои јапонски и кинески, а од „нашите поблиски“, руски, чешки и бугарски. Наскоро се очекува да биде достапен и на арапски. Го има во над 40 земји од светот и чини околу 4.500 евра. Во САД ветераните го добиваат без пари, а во Германија го обезбедуваат осигурителните друштва.

– Веќе преговараме и со други земји, како вашата. Бараме партнери, а тоа може да бидат невладини организации, Сојузот на слепи, осигурителни компании. Всушност, ова е одлична основа за почнување бизнис – рече Фишер.

Дополни и дека производот му бил презентиран на принцот Вилијам.

Израелскиот амбасадор Дан Оријан, кој ги организираше посетите на израелските стартапи и постојано ги придружуваше новинарите, информира дека за дистрибуирање на „ор кам мај ај“ во земјава веќе се остварени средби со министрите за здравство и за труд, Венко Филипче и Мила Царовска.

– Дефинирано е и кој ќе биде првиот корисник на „ор кам мај ај“. Се работи за девојче од Битола – откри Оријан.

Уште една израелска приказна овој месец во земјава

Двапати неделно фудбал, двапати неделно дополнителна настава. Вака изгледа „програмата“ на израелскиот стартап, чиј основач Лиран Гераси одлучил да им овозможи на сиромашните деца од помалку развиените региони да се занимаваат со „најважната споредна работа на светот“.

Гераси овој месец треба да дојде во Скопје и да преговара со наши заинтересирани институции, кои би помогнале во спроведувањето на проектот.

– Ако децата не одат на дополнителна настава или ако таму не покажат соодветно, пристојно однесување, ќе го изгубат правото на бесплатно тренирање фудбал, објасни Гераси.

Проектот засега се спроведува во околу 80 земји, меѓу кои оние од Африка, а во регионот во Србија и Црна Гора.

Повторно изведена мултиорганска трансплантација: Пациенти добија срце, црн дроб и бубрези

Четворица пациенти добија органи од починат донор. Министерството за здравство соопшти дека вчера е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи, а еден пациент добил срце, други црн дроб, а двајца пациенти добиле бубрези.

Во наредните денови пациенти на Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот кои спасија најмалку четири животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

По Македонија и Хрватска чоколадата „Милка Орео“ повлечена и од БиХ

Инспекторатот за храна при Сојузната управа за инспекциски работи во Босна и Херцеговина денеска повлече од продажба 33 парчиња чоколада „Милка Орео“ поради присуство на пластика.

Управата соопшти дека откако Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина известила за пластични парчиња во 37 грама млечно чоколадо „Милка Орео“ со рок на траење до 18 август, инспекторите за храна извршиле контроли.

Федералната агенција за инспекција на храна најави дека ќе ги преземе сите законски мерки против одговорните.

Производот претходно беше повлечен и од Македонија и Хрватска.

Македонската Агенција за храна, минатата недела информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика.

Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.

Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“

Колку килограми можете безбедно и здраво да изгубите за еден месец?

Заедничка желба на повеќе луѓе кои се на диета е брзо да ослабат. Сепак, колку е безбедно да се отфрлат несаканите килограми премногу брзо?

Безбедно и здраво слабеење значи губење на половина килограм до килограм секоја недела, што е еднакво на два до четири килограми месечно.

Можно е да изгубите повеќе килограми од ова во првиот месец на здрав начин, особено ако некој има прекумерна тежина.

Поединци кои губат 10 килограми во првиот месец или губат тежина премногу брзо, исто така се изложени на ризик од губење на вода или мускулно ткиво.

Друга причина зошто луѓето имаат тенденција брзо да губат тежина е ако се на ненамерна диета, која не е здрава или лесно да се држи долгорочно. Овие лица на крајот повторно ја добиваат тежината кога повеќе не можат да следат толку строга диета.

Кога станува збор за успешно долгорочно слабеење, важно е да се фокусирате на стабилизирање на шеќерот во крвта секој пат кога јадете, без разлика дали тоа е оброк или ужина. Ова ќе ви помогне да избегнете енергетски несреќи што може да доведат до нездрава желба за рафинирани јаглехидрати и шеќер.

Популарно