ТВ 24 : И овие двајца се осомничени во ,,Рекет”

Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистентката на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“ – дознава ТВ 24 од извори во истрагата.

За еден од нив се бара притвор, а за останатите мерки за претпазливост. Лицата се осомничени за перење пари, помагање и измама. Проширувањето на истрагата за невладината на Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Во една просторија и операции и породувања!

Хируршките интервенции и гинеколошките породувања во кичевската општа болница се одиваат во една хирурша сала.

Поради недостиг на простор за двете одделенија, состојбата е ваква со години, иако оваа здравствена установа покрива територија од околу 60 илјади жители.

Гинекологот Љупче Ристески за Алсат вели дека ваквата ситуација е лоша и невидена на друго место.

Повеќе прочитајте на официјалната статија ТУКА на Алсат М.

Боки 13 поднел документација за нарушено здравје

Прво осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски до судот поднел документацијата за влошена здравствена состојба.Документацијата ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.

Боки 13 за време на претходната посета на судот му се слоши и тој беше изнесен да му биде укажана лекарска помош

На Јанева и е подобро, утре се враќа во Шутка

Поранешната Специјална обинителка, Катица Јанева, е во постабилна состојба и утре најверојатно ќе биде префрлена во затворот во Шуто Оризари каде ја издржува мерката притвор, која и беше одредена како осомничена во предметот „Рекет“, пренесува „Фокус“

Јанева е веќе четврти ден на болничко лекување во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше однесена во четвртокот поради влошена здравствена состојба. На Јанева и бил измерен висок крвен притисок, а при испитувањата докторите утврдиле дека е во прединфарктна состојба.

Адвокатите на Јанева не одлучиле дали врз основа на болничкиот извештај ќе побараат од судот мерката притвор да ја замени со мерка куќен притвор. Како што велат првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција

Популарно