Што треба да работите за плата од 25 илјади евра ?

За месечна плата од 25.000 евра месечно  може да работита во Бакингамската палата. 

Кралицата Елизабета бара нов коњушар и нуди плата од 25.000 евра месечно и бесплатно сместување во Бакингамската палата, меѓутоа има само  еден услов.

Сето она што спаѓа во должностите на коњушарот не отстапуваат од вообичаените обврски. Треба да ги храни, чисти и одржува коњите.

Меѓутоа, кралицата бара личноста да негува и голема љубов кон овие животни и која ќе ужива работејќи ја оваа работа.

Освен тој главен услов, таа личност треба да знае да јава и да управува со кочија. Покрај ова барање стои објаснување дека идниот коњушар ќе присуствува на сите церемонии кои ќе се одржуваат.

На крајот, кралското семејство истакнува дека сака доверлива личност која е подготвена да даде се од себе за коњите да изгледаат и да бидат што подобри кога ќе бидат изведени во јавност.

На вчерашното доделување на Брит-музичките награди, Били пред многубројната публика беспрекорно ја отпеа „No Time To Die“

На вчерашното доделување на Брит-музичките награди, Били Ајлиш за првпат ја изведе во живо носечката тема за следниот филм за Џејмс Бонд.

Во придружба на оркестар, со брат ѝ на клавијатури, Били пред многубројната публика беспрекорно ја отпеа „No Time To Die“, на што присутните не можеа да останат рамнодушни.

Воедно, таа ја доби и наградата за најдобра светска музичарка, при што кажа:

– Морам да ви кажам нешто што ми текна вечерва. Неодамна се сетив дека многумина ме мразат, а кога се искачив на сцената и ве видов сите вас како ме гледате со насмевка, тоа ме наведе на солзи и чувствувам дека сега би можела да заплачам. Така што, ви благодарам – изјави Били во својот емотивен говор.

ФОТО: Носи совршена комбинација, но од долниот дел луѓето со солзи се смеат

На прв поглед, оваа дама можеби и премногу се средила за одење во супермаркет, но чекајте да го видите долниот дел од фотографијата.

Сигурно сме дека дамата од фотографијата била уверена дека целиот маркет гледа во неа поради фустанот кој супер ѝ прилега, но за жал, причината за тоа е сосема поинаква.

Иако целата комбинација е како што треба, еден детаљ е многу важен, а тоа е дека фустанот е проѕирен.

Некој ја фотографирал на пазарење, па фотографијата станала хит.

Антонија ја нема повеќе долгата коса, македонската пејачка го промени имиџот

Младата пејачка, Антониа Гиговска, вчеравечер буквално ја шокира македонската јавност.

Таа на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиниот нов изглед. 

Гиговска драстично ја скратила нејзината препознатлива долга и руса коса, а направила и шишки - нешто во што досега не сме ја виделе.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💙💙💙💙💙

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

Популарно