Таравари за Заев: На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, се запнал со Гостивар

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари преку Фејсбук му возврати на премиерот Зоран Заев за вечерашната изјава во нтервјуто за Алсат дека само Таравари можел да го гушка Мицкоски во Гостивар.

-На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затворот на Фета Халими, запнал со Гостивар, напиша Таравари на Фејсбук.

Официјално: Од утре вечер полициски час до понеделник

Предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воведување на ограничување на движењето за престојниот продолжен викенд во целост е прифатен од Владата.

Според одлуката, од утре во 21:00 часот, па сѐ до 05:00 часот во понеделник, движењето во Скопје,  Тетово, Куманово со Липково и Штип се забранува.

За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.

Катица Јанева одбила да даде било каква изјава

Поранешната јавна обвинителка Катица Јанева од Основниот Кривичен Суд била спроведена во Државен Завод за Ревизија каде го нарушила јавниот ред и мир, односно се соблекла и во салата присуствувала во долна облека во присуство на повеќе лица, при што одбила да даде било каква изјава, дознава „Република“.

На 03.06.2020 година во 10.30 часот лицето К. Ј. со престојувалиште на ул.Иво Лола Рибар од Основен Кривичен Суд – Скопје била спроведена од нејзиниот дом до Државен Завод за Ревизија , во Палата Емануел Чучков. Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот. Од страна на Т-420 сочинет записник за констатиран прекршок по чл. 4 ЗППЈРМ кој одбила да го потпише и прими.

Од утре вечер до понеделник овие градови во земјава во карантин!

Заради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со ковид-19 во земјата, денеска Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче одржа координативен состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на заразата, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека по состанокот, Комисијата за заразни болести до Владата на Република Северна Македонија ќе ги достави следните предлог мерки за претстојниот продолжен викенд:

– Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

– Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.

Дополнително на состанокот, на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките, информираат од Министерството за здравство.

Популарно