Видео: Македонските репрезентативци подготвени за натпреварот против Чешка

За тешко извојуваната победа против Украина и очекувањата пред утрешниот натпревар против Чешката република, Телма разговараше со македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Мартин Велковски.

Дали станува збор за шок затоа што тие го загубија легендарниот кошаркар?

Светот не може уште да се помири со големата загуба на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант, кој загина вчера во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, а животот го загубија уште осум лица. А чудно е тоа што додека сите тагуваат, од неговиот поранешен клуб Лос Анџелес Лејкерс засега не се огласуваат.

Дали станува збор за шок затоа што тие го загубија легендарниот кошаркар, кој ја помина кариерата во нивните редови и им донесе многу трофеи или има нешто друго непознато за јавноста засега останува мистерија.

ФОТО: Коби вечерва доби свој дрес на „Сан Сиро“

Помешани емоции ќе има вечерва кај навивачите на Милан на „Сан Сиро“. Од една страна ќе се радуваат на новиот натпревар, а од друга ќе тагуваат за големиот навивач на овој клуб, Коби Брајан.

Ќе потсетиме, Коби пред два дена го загуби животот во падот на хеликоптерот во кој беа уште осум лица вклучувајќи и ја и неговата ќерка.

Милан во чест на Коби кај корнер знамето постави дрес со бројот 24 и презимето на големата легенда. Освен тоа на рекламите кои ќе бидат околу теренот вечерва ќе се вртат речениците „Легендите никогаш не умираат“ и „Засекогаш Коби“.

ВИДЕО:"Ова звучи лудо, но Коби зборуваше за ова, постојано ова го велеше"

Иконата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант го загуби својот живот и тоа откако неговиот хеликоптер се сруши во Калифорнија.

Оваа вест ја шокираше целокупната јавност која и денеска се простува од играчот кој остави голема трага во НБА, светската кошарка, собори многу рекорди и ќе биде запаметен како еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Допрва ќе се дознаат вистинските причини за падот на леталото, но во меѓувреме Трејси МекГрејди за кого Брајант имаше кажано дека му бил најтешкиот противник за чување откри една необична анегдота за црната мамба.

-Ова звучи лудо, но Коби зборуваше за ова, постојано ова го велеше. Сакам да умрам млад, сакам да бидам бесмртен. Сакам мојата кариера да биде подобра од онаа на Мајкл Џордан, сакам да умрам млад. Јас мислев дека е луд поради тоа што го кажува. Јас сум уништен, -истакна Трејси во новата епизода на „The Jump“ (Скок).

Популарно