Шмркала 3 грама кокаин и пиела литар вотка, па учествувала во оргии

Кејт Мос го прослави 46. роденден, а важи за една од најфотографираните жени на светот. Кејт како модел е откриена кога со семејството се враќала од Бахамите во Велика Британија на Аеродром во Њујорк кога имала само 14 години.

Кејт во жарот на најголемата слава била наречена „кралица на забавите“, а надимакот го добила од фактот дека може да „ишмрка три грама кокаин и да испие литар вотка во рекорден рок“.

Во 1996 година се дознало за нејзината врска со актерот Џони Деп, а потоа дури и тој се изморил од нејзиниот имиџ, па ја молел да успори.

За својот 30. роденден Мос одржала забава под темата „Убава и проклета“, која наводно била турбулентна толку што актерката Гвинет Палтроу морала да избега.

На афтер забавата гостите тврделе дека во една соба имало оргии, а Кејт влегувала и излегувала од неа.

После раскинувањето со Деп, Мос почнала да се дружи со Џад Ло и со неговата поранешна сопруга Сејди Фрост, со која Мос наводно започнала врска. Кога Сејди му кажала на својот сопруг за таа врска, Ло возбудено предложил и тој да се „уфрли“ во истата, па оваа тројка редовно имала сексуални односи заедно.

Добила и награда од Американското здружени на модни дизајнери, а кога дошола да одржи говор и да ја прими наградата, била толку пијана што неможела ниту да го изговори називот на здружението.

Сите турски актерки се плашат од неа

Ѕвездите на турските серии се омилени во регионот, но малкумина го знаат приватниот живот кој го кријат.

Една од актерките кои се најпопуларни и прогласена за најубава жена е Туба, која ја гледавме како Аси во серијата на Сител.

Туба има бурен живот и сите актерки се плашат од неа, поради тоа што таа заведува зафатени мажи. Имено, таа го заведе сопругот на Ајшеѓул од Мојот син, по што актерката тргна да ги бара и направи сообраќајка.

Туба ја прекина и својата веридба и за време на снимањето на серијата која ја гледавме на Сител, се забавуваше со актерот, Онур од истата серија.

Во 2012 роди близнаци, ама двајцата се разделија.

Сега има ново момче.

После 30-от роденден, не се грижете повеќе за ова..

Најголем број од луѓето забележуваат промени на 27 години, некои на 35 години. Но, сите забележуваат некаква промена кога ќе наполнат 30 години. И она што е супер кај 30-ката е што веќе навистина може да престанете да се грижите за работи како:

Модни трендови

Да, во ред, убаво е да се грижите и дотерувате, но на 30 години веќе треба да имате изградено свој стил и да не следите слепо трендови наметнати од другите.

Некој килограм вишок

Здравјето е многу важно и треба да се храните здраво пред сѐ за вашето здравје, но 1-2 килограми повеќе не значи дека е крај на светот и дека треба да се опседнувате околу тоа. Или преземете нешто во врска со тоа и почнете да вежбате или едноставно прифатете се такви какви што се.

Озборување

Ова е нешто кое воопшто не треба да го правите, особено не откако ќе наполните 30 години. Уживајте во својот живот и не се грижете за туѓите животи и дејства, освен ако не се директно поврзани со вас или најблиските.

Туѓите очекувања

Ако постојано живеете под притисок да ги остварите туѓите очекувања, никогаш нема да можете целосно да го живеете својот живот, а и никогаш нема да ги остварите во целост. Ослободете се и уживајте во своите соништа, не се обидувајте да ги живеете туѓите соништа. Туѓите соништа можеби се прекрасни, но тие не се ваши.

Мислењето на другите за вашиот партнер

Вие сте тие кои одлучувате со кого ќе бидете и каква личност највеќе ви одговара. Не дозволувајте мислењето на другите да влијае на вашите избори во љубовта.

Мислењето на другите

Преголемата грижа за мислењето на другите води кон разнишана самодоверба и сомневање во себе. Што ќе ви е таков непотребен товар?

Социјални мрежи

Да, социјалните мрежи можат да бидат интересни, ама не треба тоа да ви биде главна преокупација.

Фактот дека не сте во брак

Сѐ ќе си дојде во свое време. Фокусирајте се на себе и полека коцките ќе си се наредат.

ДАЛИ Е ТАКА????

ФОТО: Дознала колку чинел прстенот, па решила јавно да го посрамоти својот вереник

Пред некое време, некоја жена на еден форум се пожалила дека нејзиниот вереник ја разочарал со прстенот со кој ја запросил.

Таа се пожалила дека дијамантот бил многу мал.

Таа се распрашала и дознала дека прстенот чини 1.674 долари и била премногу разочарана.

Таа решила овој проблем, ова разочарување да го сподели на форумот и очекувала дека другите жени ќе ја разберат.

Но таа го дочекала спротивното, сите ја обвиниле неа дека била материјалист и дека не треба да гледа така на работите, многу е побитна љубовта отколку прстенот.

За некои жени, скапиот накит не значи ништо, битна им е целта, но некои други сметаат дека прстенот веренички би требало да биде скап.

Популарно