Видео: Каков кош на Дончиќ

Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ го претставуваше тимот на остатокот од светот на првиот ден од „Ол-стар“ викендот во Чикаго.

 Дончиќ постигна неколку тројки, а го украде шоуто во последните секунди од првото полувреме. Во директен дуел со лутиот ривал Трае Јанг, 20-годишникот испрати неверојатен шут од половина терен и погоди со звукот на сирената.

Погледнете го потегот на Дончиќ:

Дончиќ го заврши мечот со 16 поени и пет асистенции, а на крај неговиот тим убедливо загуби од младите ѕвезди на САД.

ВИДЕО: Боатенг и неговото семјство глумеа почеток на натпревар во ЛШ

Контроверзниот напаѓач Кевин Принс Боатенг оваа зима ја напушти Фиорентина и до крајот на сезоната (ако продолжи) ќе игра во Бешикташ на позајмица.

Боатенг во новиот тим одигра шест натпревари и постигна два гола, а прекинот на сезоната дојде додека играше во одлична форма. Додека се во своите домови Боатенг покажа дека му недостасува фудбалот.

Тој објави видео на кое заедно со своето семејство глумеа почеток на натпревар од Лигата на шампионите.

Шокантно: Денеска се става крај на Серија А за сезоната?

Се чини дека денеска е денот „Д“ за Серија А. Во текот на денешнот ден состанок ќе имаат претставниците на раководството на Калчото.Здружението на играчите и клубовите.На дневен ред биле две точки. Првата е како да им се исплатат платите на игралчите во време на коронавирусот, а втората дали и како ќе продолжи Серија А.

Познато е дека има порака од Владата на Италија, со оглед на катастрофичната состојба во Италија, првенството да се заврши, односно и официјално сезоната 2019/2020 да биде прогласена за завршена, а титулата да не се дава. Со ова сценарио се сложи и Јувентус које прв на табелата, и кој напомена дека тој клуб не сака титула на таков начин.  Останува да се види што ќе произлезе од состанокот.

(ВИДЕО) Дојде со европска титула во џеб: Се сеќавате на песната на Наполитанците за Пандев?

Горан Пандев е вистинска фудбалска икона и не само кај нас, туку и во Италија, тоа е добро познато и не треба да се трошат многу зборови.

Скоро цела кариера Пандев ја помина на „Чизмата“ каде што настапува денес и го носи дресот на Џенова. Помеѓу останатите клубови во Италија нашиот капитен го носеше и дресот на Наполи.

За Наполи настапуваше од 2011 до 2014 година, дојде после освојувањето на европската титула со „нероаѕурите“. Во Неапол во тоа време играа Кавани, Лавеци и Хамшик кои беа вистински миленици на навивачите, меѓутоа многу брзо и Пандев ги освои срцата на Наполитанците.

Доказ за тоа е песната која ја напиша пеачот и навивач на Наполи, Алберто Качија. Песната го носи името „Pandemonio sarà“. Слушнете како Наполитанците го опишуваат Пандев, во видеото поставен е и превод на македонски јазик.


Популарно