ВИДЕО: Вељко ја возеше Цеца на тренинг, па ја снимаше скришно

Откако претходно се пошегува со својата сопруга Богдана Ражантовиќ бидејќи има вишок на килограми во бременоста, овој пат синот на Цеца се пошегува и со пејачката.

Расположениот Вељко ја повика својата мајка на тренинг, а во моментот кога тие се упатувале кон истиот се пошегува со пејачката, а нејзината реакција ја сними со мобилен телефон.

-Мајкооооо, со смеење и се обрати Вељко на Цеца, а таа веднаш сфатила дека нејзиниот син се шегува со неа.

Откако слатко спонтано се изнасмеа Цеца му рече само „возиш бре!“, што и се очекува од секоја совесна мајка.

Карактеристики кои ги имаат тие кои се родени во месец април

Досегашните истражувања покажале дека некои карактеристики навистина зависат од месецот на раѓање, а еве што кажува тоа за оние кои се родени во април.

Тие се ноќни птици

Едно истражување открило дека луѓето родени во пролетните и летните месеци си легнуваат многу подоцна за разлика од оние родени во есен или зима.

Имаат позитивен поглед кон светот

Студентите од еден универзитет во Унгарија, во 2014-та спровеле истражување и откриле дека децата родени во март, април и мај се попозитивни и поголеми оптимисти. Се разбира, ова зависи и од местото на живеење, но најмногу важи за децата родени во држави кои имаат суви и сончеви лета, а студени зими.

Тие се лидери

Според истражувањето од Универзитетот во Британска Колумбија, децата родени во март и април напредуваат побрзо во кариерата, за разлика од оние родени во летните месеци. Научниците ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 фабрики, во периодот од 1992-ра и 2009-та година, и дошле до заклучок дека најголемиот дел од нив се родени во март и април.

Имаат помал ризик од астма

Едно истражување од 2015-та година покажало дека луѓето кои го слават нивниот роденден во пролет, имаат помал ризик од астма. Најверојатно причината е тоа што тие се изложени на типичните алергени во првите два месеци од животот, а ова може значително да го зајакне нивниот имунитет.

Имаат помал ризик од хиперактивно нарушување

Едно истражување покажало дека хиперактивното нарушување почесто се дијагностицира кај луѓето родени подоцна во годината.

Порано се изложени на сончеви зраци

Ова можеби не е многу добра вест, но добро е да бидете информирани. Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во пролет имаат поголем ризик од развој на меланом. Најверојатно причината е што се изложени на сончеви зраци во најраниот период од животот. Па, вооружете се со заштитна крема и користете ја за секое излегување на сонце.

Фото: Славица Чуктераш ја покажи својата ...

Пејачката Славица Чуктераш  се обидува да го користи карантинот за да ја покажи својата провокативна линија, со што редовно ги радува своите следбеници на социјалните мрежи.

Пејачката облекла кожна сукња и мрежасти чорапи, па ја кренала ногата и направила селфи во огледало.

“Добра си Славке“!, е само еден од низата коментари на сметка на провокативниот изглед на Славица Чуктераш.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🎃

A post shared by Slavica Cukteras (@cukterasslavica) on

ФОТО+ВИДЕО: Елена Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“

Елена Велевска по „брачниот бродолом“ утехата ја најде внесувајќи се „до крај“ во сопствената кариера. Атрактивнта прилепчанка во етерот го промовираше долгонајавуваниот нов спот за нејзината „стара песна“ – „Говорот на телото“.

Раскошната фолкерка оддамна сфатила дека и оние што можеби немаат толку многу развиен „слух за музика“, имаат голем мерак за убави нешта, па затоа постојано им ги „полни очите“ со провокативни фотографии во различни пози од своите скокотливи фотосесии. А, фолкерката како што е познато, има доволно телесни квалитети за своите песни да ги поткрепи и со разголени слики и доволна доза еротика во своите видеа.

Така беше и овој пат, кога, расната Елена како претходница во најавата за „Говорот на телото“ објави неколку „жешки фотографии“ на кои вообичаено го понуди сиот свој телесен раскош, па дури и повеќе од тоа… Веројатно, сега растоварена од стегите на бракот и притисокот што го чувствувала, Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“… Се разбира, ако воопшто и е грев, она што е убаво да не се сподели со обожавателите, како сопствен адут за успех, но и како подарок за „полни очи“ на својата публика, особено онаа машката.

Атрактивна, згодна, провокативна, пожелна, порочна, секси… Елена Велевска во новото видео ги „нуди на дар“ сите свои телесни квалитети, сиот свој телесен раскош, кој го поседува. А поседува толку многу, што кога го гледаат видеото ниту на оние што не се по жените, не им е сеедно! Впрочем, што е убаво и на Бога му е драго, а камо ли на обичните смртници.

Особено што во првото „вертикално видео“ снимено кај нас, пејачката најмногу е во „хоризонтала“!  Уште една асоцијација која ги буди „оние мисли“, ја поттикнува волшебната игра на сетилата, потајно ве тера да ги „скршите правилата“ заковани во моралните норми…

Впрочем и гревот има светла страна, зарем не, како што велат и стиховите на самата песна чие видео со секој кадар нуди толкав еротски набој, што ви се чини дека секој миг ќе доживеете да ви се случи експлозија од страсти… до небото!

А како и не би, кога Елена Велевска има таков „Говор на телото“!

Извор: Вистина

Популарно