ФОТО: Забрана за движење на сите граѓани за време на викенд во периодот од 16:00 до 05:00 часот

Забрана за движење на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) во периодот од 16:00 до 05:00 часот. Забраната започнува од овој викенд.

Регистрирани нови 53 случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.

Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци. Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.

Со ова, во денешната статистика се евидентирани 5 починати лица од Ковид-19. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.

За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

Поради контакт со лице позитивно на коронавирус медицинските лица од Штип се во самоизолација

14 медицински лица вработени во штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, чиј втор тест покажал дека е позитивна на корона вирус.

Возрасната жена била хоспитализирана со негативен прв тест за коронавирус, но нејзината состојба се влошила и земениот брис покажал присуство на Ковид-19

Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев ја информираше јавноста дека од вчера е направена целосна реорганизација на одделението, во кое во моментов за пациентите се грижат еден инфектолог, еден специјализант, а на испомош се очекува да дојде инфектолог од струмичката болница.

Во моментов на ова одделение се хоспитализирани двајца пациенти со средна клиничка слика, кои се позитивни на коронавирус, а остантите се лекуваат во домашни услови и се во секојдневен контакт со инфектолозите.

Во Штип првите случаи на заболени од коронавирус беа потврдени пред дваесеттина дена и се очекува наредната недела Институтот за јавно здравје да информира колку од нив се излекувани.

Ова е деветти случај на заразен со коронавирус во Велес

78-годишен велешанец кој почина ноќта меѓу 31 март и први април бил позитивен на коронавирус, кажаа од семејството на починатиот, кое за тоа било претпладневно информирано од Центарот за Јавно здравје Велес по постхумниот тест. Семејството сега бара да биде тестирано за коронавирус.

Ова е деветти случај на заразен со коронавирус во Велес.  До вчера, во земјава има 430 заболени, од кои 20 излечени и 12 починати.

Случајот со смртта на ова лице беше актуелизиран од семејството, кое реагираше што не добивало можност лицето да биде тестирано, дека не бил хоспитализиран иако бил во лоша состојба, и што службата за итна помош во прв момент одбивала да го пренесе до болница. За сите овие наводи, министерот за здравство Венко Филипче најави дека работи Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

На прашањето дали починатиот и заразен со коронавирус имал контакти со некој од досега осумте заразени од Велес, семејството вели дека не можат да кажат, бидејќи не можеле никого да посочат како можен преносител. Починатиот боледувал од хронични болести. Неговото тело по барање на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес беше на обдукција.

Популарно