10 македонски града без ниту еден заразен со Ковид-19

Според последните информации денеска има 72-јца новозабоолени пациенти со коронавирусот. Вкуониот број на заразени изнесува 555, информираат од Минстерството за здравство.

И додека, Куманово овој викенд живее под целосен карантин, Кочани сосема идентично како Куманово побара од Владата градот да биде ставен во целосна изолација, сепак постојат градови во земјава, каде што нема регистрирани пациенти со новиот коронавирус.

На број се десеттина, а станува збор за: Неготино, Кратово, Пробиштип, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево.

Министерот за здравство Вено Филипче напоменува дека со добра дисциплина може да се држи под контрола состојбата со вирусот. Истовренео податоците покажуваат дека веднаш по Хрватска, Македонија до сега има направено 2.362 теста, а потоа следува Грција, Црна Гора, Романија и така натаму. Бугарија е на последно место во регионот по спроведени тестови на 1 милион жители. Според бројот на спроведени тестови за новиот коронавирус, на 1 милион жители, ние сме на второ место во регионот, покажуваат анализите.

-Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава“-објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно