БЕСА: „Албанската платформа“ е дело на Албанија

Договорот за обединување на албанските партии во Македонија не е напишан од страна на ДУИ и на Али Ахмети. Ова беше суштината на официјалното писмо испратено од движењето Беса упатено до премиерот на Албанија, Еди Рама, пренесуваат албански медиуми.

Функционерите на Беса исто така најавија дека без посредство од страна на албанска влада нема да прифатат да седнат да преговараат со ДУИ. Од друга страна, пак, СДСМ на Зоран Заев испратила писмен документ до Демократската унија за интеграција, во кој предложила договор за формирање владина коалиција, пишуваат албанските медиуми.

Беса во писмото бара објаснување во врска со една изјава на ДУИ според која, договорот за да ги собере албанските партии под една платформа беше предложен од страна на претставници на Демократската унија интеграција.

- Движењето Беса го отфрли ова тврдење и наведува дека сe беше почнато од страна на владата на Албанија, додавајќи дека поради оваа акција, нема да прифати да седне и да разговора со ДУИ, но додава дека може да направат исклучок само во случај ако средбата биде посредувана од страна на премиерот Рама - пишуваат албанските медиуми.

Во меѓувреме, во тек се преговорите за формирање нов владин кабинет. Официјални извори за албанските медиуми информираат дека СДСМ поднесе и писмен документ на ДУИ, понудата на Зоран Заев за албанската партија. Сe уште не се знае точно кои точки по ред се наведени во овој документ, но ќе мора да се чека за тие да се обелоденат и да се види дали понудата ќе биде прифатена од Демократската унија за интеграција.

- Во време кога албанските партии треба да го искористат овој одлучувачки момент за иднината на земјата, изгледа тие се насочени кон длабоки поделби. Нешто вакво беше потврдено и од изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој рече дека ДПА, Беса и Алијансата за Албанците треба да се соединат против ДУИ бидејќи ДУИ не е конструктивна во преговорите - пишуваат албанските медиуми.

Спротивно на тоа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера изјави дека платформата е договорена и потпишана во Скопје и дека не го загрозува територијалниот интегритет на Македонија.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно