Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарија– Нов градоначалник на Будимпешта е Ѓерѓељи Карачоњи, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии, покажаа резултатите од локалните избори по околу 80 отсто од преброените гласови.

Карачоњи освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлош, кандидатот на владеачката партија Фудес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите.

Локалните унгарски медиуми јавуваат дека Тарлош веќе му честитал на својот ривал на победата.

Излезноста на вчерашните избори изнесуваше околу 50 отсто, што е еден од најголемите одзиви на избирачите на локални избори од обновата на демократија ана Унгарија во 1990 година.

СРЕДБАТА НА МЕРКЕЛ И МАКРОН ЗАВРШИЛА: Има ли одлука за датумот на Македонија?

За тоа дали вчера вечер се разговараше и за датумот за преговори за Северна Македонија не успеавме да дознаеме. Според дипломатските извори од Брисел, Франција е единствената која смета дека „Северна Македонија не ги исполнува потребните услови“ за почеток на преговорите. Ставот на Емануел Макрон е изолиран, бидејќи пред осум дена четворицата први луѓе на европските институции повикаа во заедничко писмо за започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Ова одбивање предизвикува незадоволство кај европските дипломати, кои го обвинија Париз дека ја загрозува стабилноста на Балканот, за чија стабилност Париз официјално се залага. Ова уште повеќе што на два пати ЕУ одлучи да го одложи започнувањето на преговорите, пренесе МИА.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вечерва во Париз имаа работна вечера, на која според најавите меѓудругото требаше да разговараат и за отворањето преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, откако германскиот Бундестаг даде зелено светло за тоа.

Работната вечера на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел е пред се посветена на подготовката на идниот заеднички состанок на француската и германската во Тулуз во предвечерието на европскиот самит во Брисел. На менито многу отворени прашања: Брегзит, назначувањето на европската комисија и турската воена интервенција во Сирија, јавува дописникот на МИА.

Двајцата лидери непосредно пред вечерата се осврнаа наофанзивата на Турција против курдските сили во Сирија, која, како што рече Макрон пред Меркел вечерва во Селисејката палата „најверојатно ќе создаде неодржлива хуманитарна ситуација и ќе и помогне на групата Исламска држава повторно да се појави во регионот“. 

-Наша заедничка желба е оваа офанзива да престане. Ние сме уверени дека оваа офанзива го носи ризикот од една страна, на терен да се создаде неодржлива хуманитарна ситуација и од друга страна да и помогне на Даеш (Исламската држава) повторно да се појави во регионот, рече Емануел Макрон, кој од 22 часот вечерва заседва со Советот за одбрана.

-Зборував со претседателот Ердоган еден час, мора да ги земеме предвид интересите и безбедноста на Турција. Но, исто така сметаме дека мора да ставиме крај на оваа турска инвазија, затоа што има хуманитарни причини и не можеме да ја прифатиме оваа ситуација против Курдите , додаде Ангела Меркел.

Макрон нагласи дека соочени со оваа ситуација ќе останат координирани. Тој ги ги повика Европејците да се обединат во „овој тежок и понекогаш вознемирувачки европски и меѓународен момент“.

Да се насмееме

Сметка

Оди плавуша во банка:

– Сакам да отворам заедничка сметка.

– Со кого?

– Не ми е битно со кого, најдете некој кој што има пари!

Професија

Учителката ги прашува децата што би сакале да бидат кога ќе пораснат:

– Трпе ти што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?

– Јас учителке сакам да бидам успешен и на жена ми да и купам јахта, дијаманти, замок, ферари…

– Браво Трпе, убаво. А ти Цветко?

– Јас учителке сакав да бидам космонаут, ама сега сакам да бидам жена на Трпе!

Популарно