Полициски командир од Гази Баба разрешен поради сексуално вознемирување на колешки

Командирот на полициската станица Гази Баба, Сашо Велковски е разрешен бидејќи сексуално возменирувал колешка. МВР преку соопштение информираше дека 49 годишниот командир Велковски сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите. 

Командирот на полициската станица во текот на 2019 година во повеќе наврати искористувајќи ја позицијата сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата. Уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот - соопшти МВР. Оттаму велат дека командирот сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, и затоа е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.

Автомобил удри во ограда на мостот „Гоце Делчев“

Утрово околу 8 часот автомобил се забил во оградата на мостот Гоце Делчев. Очевидци за 24 инфо велат дека причина за излизгувањето е голема количина на мраз на мостот веројатно формирана по пукање на цевка во близина на оградата.

Засега нема информации од МВР за повредени лица. (извор - 24info.mk)

Почина 19 годишно момче на скопските клиники

Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста таканаречена „требошки натпатник“. Се судрија товарно возило „мерцедес“ со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса”. Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар Мартин Бошкоски, роден 2001 година, исто од Сараќино.

Популарно