(ФОТО) Лидија Вукичевиќ објави фотографија по туширање- градите ѕиркаат под белиот мантил

Познатата актерка Лидија Вукичевиќ и овој пат ги израдува своите обожаватели на социјалните мрежи, кога објави фотографија на која позира најверојатно веднаш после туширање.

Лидија на себе носи само баде-мантил од под кој ѕиркаат нејзините гради.

Ваквата фотографија доби илјадници „лајкови“, а кога ќе ја погледнете и вие, ќе сфатите зошто е тоа така..

Погледнете:

 

Jutro u bojama i dizajnu Meksika,Frida Kahlo i Pikaso🎨🎨🎨🇲🇽🇲🇽🇲🇽

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija) on

До болка тажна приказна за веселиот човек Бјелогрлиќ

Актерот и режисер е омилен во своето родно место, а и Баранда е негова слабост. Секое лето го минува таму, меѓу своите, а и нема сосед кому не му дал, барем мала, улога во своите филмови

Екипата на српски Блиц плус го посета родното место на познатиот актер, кој е омилен на целата поранешна Ју публика уште од првото појавување на екраните. Соговорник ѝ е баба Меланија, прва сосетка на Бјелогрлиќи.

– Го познавам од малечок. Отсекогаш бил многу фино момче. Драган е жив, енергичен, а брат му Горан од дете беше поповлечен, но и двајцата сакаа да се пошегуваат со луѓето. Мајка им е многу фина, чесна жена, Нада. Прекрасни соседи, тече мед и млеко од устата на баба Меланија.

Но, освен на убаво, баба Меланија е сведок и на трагедија во семејството. Неговиот татко умрел кога имал 18 години и оттогаш Драган самиот се борел во животот.

Дедо му бил опинчар, не можел многу да им обезбеди на матурантот Драган и на неговиот помал брат. Мајка им била покрај нив, па можеби и затоа на Драган му било лесно да не се откаже од школувањето.

Драган запишал прво градежен факултет, зашто тоа била желбата на неговиот покоен татко, но набрзо се откажал од градежништвото и ѝ се посветил на глумата.

– Татко ми, за жал, почина кога бев пред матура. Еден од последните разговори што ги паметам со него додека лежеше на постела беше токму тој дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот, а тоа потсвесно влијаеше да изберам градежништво. Но, сфатив набрзо дека тоа не е за мене. Мајка ми и брат ми ме поддржаа, иако се гледаше дека се плашат.

Анџелина Џоли откри како сакала да го спаси бракот со Бред Пит

 

Во разговорот за емисијата Холивуд Репоертер, актерката Анџелина Џоли признава дека се обидела да го спаси бракот со Бред Пит со улогите на заедничкиот филм „By the Sea“.

Анџелина го напиша, глумеше и го режираше филмот, а тоа беше нивни втор заеднички филм.

Првиот заеднички филм им беше „Mr. and Mrs. Smith“ од 2005 година. Тоа го симболизираше почетокот на нивната врска, додека вториот филм стана симбол на крајот. Анџелина признава дека другиот проект го смислила за да оствари комуникација со сопругот.

„Се запознавме на заеднички проект и добро функциониравме заедно. Посакав нешто повторно да работиме заедно, мислев дека тоа ќе биде добар начин за комуникација. На некој начин тоа и се оствари, научивме многу работи“ вели Анџелина.

Во филмот „By the Sea“ главни актери се партнерите кои 14 години беа во брак, а истите тие се оддалечија поради проблеми со комуникацијата, интимата и плодноста.

„Тоа беше нешто со кое се боревме. Драго ми е што направив филм бидејќи заедно ги истраживме некои работи. Иако не се решија нашите проблеми, успеавме да разговараме за работите кои ни беа цел“ вели актерката.

Набрзо после филмот, парот се разведе, а од бракот имаат шест деца на возраст од 9 до 16 години.

Популарно