ВИДЕО: Елена Ристеска со текила, лимон и секси танц

Една од најубавите македонски пејачки, Елена Ристеска го објави спотот за својата нова песна „Tequila & Lemon“.

Убавата македонска пејачка лудо се забавува со пријателите во видеозаписот, кој бил снимен во Грција.

Текстот е дело на самата Елена, додека Дарко Димитров влезе во улогата на продуцент, композитор и аранжер.

За неколку дена ќе биде објавена нова верзија на песната со Емина Јаховиќ.

(ФОТО) Беше секс симбол и популарна пејачка: Сега се тетерави пијана додека мажот ја пика во автомобил

Очигледно дека во потполност почнаа да се бришат границите помеѓу некои познати личности и обичните луѓе.

Популарноста на некои изгледа им е преку глава па не им е срам какви ќе излезат на улица. Една од тие е и Џесика Симпсон.

Популарната пејачка некогаш беше секс симбол. Мажите воздивнуваа по неа, а сега воздивнува само нејзиниот сопруг Ерик Џонсон кој мораше пред неколку папараци пијана да ја вовлекува во автомобилот.

Нешто такво се случило токму синоќа кога Џесика излегла од еден ресторан видно пијана. Толку имала алкохол во себе што не можела да оди па се тетеравела долж улицата додека сопругот пред очите на сите ја влечел кон автомобилот.

Таа беше модел и модна дизајнерка, но и пејачка. Зад себе има седум студиски албуми, 14 синглови и 15 спотови. Има две деца и 37 години,  а во брак со Џонсон е од 2014 година.

(ВИДЕО) Изведба која ќе ве наежи - емотивна изведба на America's Got Talent од девојката која претрпела авионска несреќа

Девојката која претрпела ужасна авионска несреќа, покрај што преживеала се здобила и со тешки изгореници низ целото тело. Таа се појави на шоуто Америка има таленти со прекрасен полуфинален перформанс.

Надарената пејачка ги шокираше судиите на шоуто со нејзиниот емотивен настап. Кечи Оквучи има 27 години, но таа беше само 16 - годишно девоје кога ја претпела тешката авионска несреќа во која загинале 107 патници од вкупно 109. 

Додека се опоравувала, Кечи, која пее од рана возраст, се потпре на музиката за да може да заборави што и се случило. Поради тоа нејзиниот талент процветал и ја довел пред суровите судии на ова шоу.

"Додека лежев во болничкиот кревет со завои од глава до пети, не можев да се преместам ниту да направам нешто друго. Поради тоа музиката ми беше единственото бегство од реалноста и тоа ми значи многу", вели Кечи за време на првото појавување во шоуто.

Таа започна со прекрасен сегмент од акапела, прикажувајќи го нејзиниот прекрасен вокален опсег, пред да и се приклучи и пијанист. Публиката ја поздрави, а Мел Би не можеше да се воздржи па ги бришеше солзите, додека Кечи пееше.

Популарно