Започнува летото: Најнова детална анализа за ова лето

Утре (четврток) со почеток во 12:07 часот започнува летото.

Според денешните најнови направени анализи нема да се поклопуваат со оние кој ги направивме пред околу еден месец поради тоа што истите претрпеа значителни промени а тоа значи дека лето 2018 ќе биде нешто поврнежливо и посвежо за разлика од изминатото лето 2017 кога имавме екстремно топлотни бранови кој навистина траеја многу долго.

Температурите на воздухот иако ќе бидат во границите на просекот сепак повремено може да очекуваме и под просечни температури на воздухот и свежо време за летниот период но и повеќе врнежи од дожд како и услови за локално НЕВРЕМЕ кое би можело да услови локални поројни поплави и врнежи од град како и силен ветер.

И покрај ова не значи дека не треба да очекуваме барем неколку поизразени топлотни бранови и посуви периоди со многу високи температури на воздухот типични за тој дел од годината.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Конечно сончев ден

Денеска е среда, 20 јуни 2018 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 194 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 12 часот и 27 минути, а ќе зајде 40 минути по полноќ.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а  дневната од 23 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во петок ќе започне да дува умерен до засилен северозападен ветер и кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи. За време на викендот ќе биде значително посвежо со повремен локален дожд.

Циклонот Силвија се врати

Во текот на денешниот  ден времето во државава ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен и од североисточен правец додека уште од претпладнево има услови за слаб локален дожд, стои во временската на Славчо Поповски.

Од пладневните часови па натаму повторно ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално не се исклучува можноста за поинтензивни процеси проследени со електрични празнења и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.

Популарно