Видео: „Настрада“ мерцедес во овој спот

Македонскиот познат хип хоп артист, Таско заедно со босанскиот артист Инас ја промовираа “Балкан Банда”. Ова е прва соработка на Таско со артист надвор од нашите граници.

Музиката е на Таско, текстот на Таско и Инас, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов-Ивајо. Видео спотот е сниман во Сараево во продукција на “New Era Digital Studio”. Високобуџетен спот каде гледаме луксузни мерцедеси, часовници. Песната е издадена за босанската продукција “Империја”.

Седумнаесет годишниот Инас Арнаутовиќ од Сараево, кој на музичката сцена се појави под уметничкото име Инас е во подем на босанската музичка сцена кој поприлично привлече внимание и ги освои симпатиите на љубителите на комерцијалната музика. Го викаат наследникот на Јала Брат, Буба Корели, Раста… Тој е во роднинска врска со Буба Корели и е ексклузивец во една од најголемите продукции на балканот -“Империја”. Негови најпознати песни му се: “Да да да”, “High ко змај”, “Змиско тело”…

На Таско оваа му е уште една соработка, после претходната со Тракер за хитот “Црна Мечка”, а од “Урбан Рекордс” ни најавуваат уште многу други песни и соработки за оваа година.

Во продолжение погледнете го видео спотот, кој за само неколку часа постигна висока позиција на трендингот на YouTube во Македонија и во Босна.

Аман и швеѓанките ги разочаравме

Девојки од шведска  кои неодамна присуствувале во Скопје на семинар напишале за своите искуства на својот ФБ профил. Меѓу другото беа задоволни од храната, импресионирани од цените но не и од мажите.

– Бевме изненадени од нивниот однос, ќе се напијат и после само меѓу себе си прват муабет како кланови.

Дури ако им пристапиш се срамат се повлекуваат се однесуваат чудно. Главно во градот се колите и пијани секој со што подобра кола паркиран пред кафичите. Чуден народ, чудни момци сите стегнати. Главен разговор сакаш ли да се провозиме надвор ми е паркирана колата.

Присуствувавме во едно кафуле каде имало супер Dj по препорака на нашите пријатели од семинарот. Сите гледаа надоле во својата маса, и само по некој се смееше. Ако некои непознати направат меѓу себе моабет веднаш цел кафич се врти према нив и ги гледа и чека што ќе се случи.

Голема разлика од Шведска дури и неверојатна!

Видео: Нов циркус ќе имаме во државава

За жал  веќе подолг период граѓаните немаат можност да уживаат во претставите на еден вистински циркус  во нашата држава.

Можеби причината за тоа е дека политичарите им ја земаа работата на циркусантите, па тие се плашат да им парираат. Фчерашни новости решија да ја исправат таа неправда во новата епизода, која ќе може да ја погледнеме оваа недела, 19:30 часот, на Канал 5 телевизија.

Погледнете ја најавата:

Популарно