ФОТО: Богаташите во Србија не ги даваат глисерите за да се спасат човечки животи

Сопствениците на поскапи чамци и глисери не ги отстапуваат своите глисери за да можат да се спасат луѓето заглавени од поплавите, јавува српски курир.

camci 1

Според порталот, за да биде перверзијата поголема дел од сопствениците на чамци, кои не сакале да ги отстапат пловилата откако слушнале дека нивото Сава ќе се покачи драстично ги спакувале на приколки и ги однеле на сигурно.

camci 3

camci 2

Чамец се купува, но човечки живот не!

Мајката на Данка бришела пораки од телефонот

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Имено, како што пренесе Пинк.рс многу пораки и податоци за повици се избришани.

„Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“ рекол изворот за Пинк.рс.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Популарно