Драма на аеродромот Никола Тесла: Човек без никаков повод со шише си го пресече вратот пред очите на патниците

На белградскиот аеродром Никола Тесла денеска во 14:22 се случила вистинска драма,  кога маж Р.С (38) од чиста мира скршил шише и си нанел повреда на вратот пред очите на патниците. 

Според првите и неофицијални информации, тој е жив и состојбата му е стабилна бидејќи резот не бил длабок, а Брзата помош веднаш реагирала.

Тој е пренесен во Ургентниот центар, но за среќа станува збор само за мала исекотина, па немале потреба ни од реанимација, преенсува српски Курир. 

Како што тврдат очевидците, се  се случувало во секунда и како на филм, бидејќи мажот седел во кафулето и одеднаш го скршил шишето и си го пресекол вратот. 

ФОТО: Грчки медиум ја подели Р. Македонија на Србија, Албанија, Бугарија и Грција

"Решение е една граница со Србија", грчкиот весник "Елефтери ОРА", во неделното издание од 21 јануари на насловната страница објавува мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.

Инаку, овој грчки весник важи за близок близок до Грчката православна црква и десничарските екстремистички партии, објави карта за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.

Во поднасловот на текстот стои грчката химна за Македонија: Ој славна Македонијо, земја на Александар, ти ги прогони варварите и сега си слободна. Ти си и ке бидеш грчка, најголемата гордост на секој грк, а ние грчките деца венец ти плетеме. Мекедонците не можат да живеат поробени, дури и да изгубат се сеуште ќе ја имаат нивната слобода. Дијамнтската круна на глава ставиј, и да те прогласиме Македонија пак. Грчките деца ти се радуваме, прво и вие во страдањата на цел свет влезете.

 

Она што посебно може да се забележи дека во овој весник пишуваат дека поголемиот дел од Македонија и припаѓала на Грција. Објавувањето на таква карта придружена со идејата за поделба на Македонија во пресрет на грчко-македонските разговори за решавање на името, зачленувањето во НАТО и долгоочекуваниот состанок Заев-Ципрас е сериозна провокација за мирот во Балканот.

 

ВИДЕО: Во Скопје гореше знамето на ЕУ, во Солун запалено Македонското!

На вчерашните протести пред Собранието на Р.Македонија против менување на името, против законот за двојазичност, но и насилното туркање на Македонија во меѓународните организации како НАТО и ЕУ по цена на Маекдонскиот идентитет, беше запалено знаемето на ЕУ.

И додека во Скопје гореше синото знаме со жолти ѕвезди, на масовните протести во Солун, против правото да го користиме името Македонија беше запалено Македонското знаме.

Популарно