Уште еден доказ од каде Мелита ги црпи парчињата на „уникатна“ гардероба се појави денеска на социјалните мрежи.Јавноста имаше можност да ги види нејзините парчиња на социјалните мрежи преку нејзината фан страница „Мелита бутик за уникатна гардероба“, веднаш се јавија дежурните интернетџии и хејтери кои ја окатегоризираа нејзината гардероба за „фејк“.
Денеска, повторно истата ситуација. Фотографиите на Мелита беа компарирани со фотографии од Али Експрес, каде се гледа дека оделото за скијање е идентично.