ФОТО: Ова се 9 те најбогати Македонци

Според истражувањето спроведено од  Европската компанија за истражување на богатство Велт Х во Македонија има 35 мултимилионери. Заедно тие вредат околу 4 милијарди долари или во просек секој од нив располага со над 100 милиони долари.

Еве кои се деветте најбогати Македонци:

Minco Jordanov(1)
1. Минчо Јорданов – најбогатиот човек во Македонија. Тој својата кариера ја започнал во 1992-ра година каде што бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор. Од 1994 година, тој е член на Бордот на директор и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз. Веќе во 1997-ма година станува претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“.

Тој поседува 23.22 отсто акции во градежната компанија “Бетон“. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР.

Неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра.

sterijo nakov
2. Штерјо Наков – е вториот најбогат бизнисмен во Македонија. Тој поседува шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели.

Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков кој има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“.

Моменталната вредност на акциите на Наков се проценува на 3.5 милиони евра.

Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании.

koco-angjusev-mji-05

3.Кочо Анѓушев - еден од основачите на “Брако“ од Велес. Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт – Велес.

Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“. Во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија.

Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев.

zivko mukaetov

4. Живко Мукаетов – главен менаџер на “Алкалоид“ и поседува околу 6.58 отсто од вкупно акции во комапнијата. Сумата на вкупно акции кои ги има Мукаетов изнесува 6.7 милиони евра.

Над 5 отсто од акциите во компанијата поседува и Билјана Јованова. Нејзините акции на берзата се проценети на околку 5 милиони евра.

Шефки Идризи
5. Шефки Идризи – еден од најбогатите тетовци. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско-услужна фирма. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се’ поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готовите малтери.

Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.

Фирмата на Идризи е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.

saso davidkovsko skopski pazar
6. Сашо Давитковски -
првиот човек на “Скопски пазар“. Тој поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ.

Заедно Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

dsko tudarov
7.Душко Туџаров
-

дел од групацијата “Реплек“ АД Скопје. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто.

Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите.

Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра.

kristina todorovic
8.Кристина Тодоровиќ –

генерален директор на синџирите “Тинекс“ и дрогериите “Космо“.

Се смета дека вредноста на акциите на “Тинекс“ околу 80 милиони евра, кои се наменети за развој и проширување на бизнисот.

mehandjiski

9.Благој Механџиски - основач на “Зегин“, прва приватна комапнија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989-та година.

Се’ до 2006 година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери.

Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“

ИГОР ЏАМБАЗОВ ДОМАЌИН НА БОЕМИТЕ. МАКЕДОНСКИОТ ШОУМЕН ВО ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗУКА

Најголемиот македонски шоумен, актер, музичар и уметник Игор Џамбазов им се приклучува со поддршка на нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски кои најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Најголемиот боем - помеѓу боемите, ќе биде домаќин и промотор на Македонската Кафеанска вечер. Со специјално сценарио, Џамбазов концертот на 25 декември со почеток во 20.00 часот ќе ја предводи големата боемска ноќ во СЦ Јане Сандански.

Традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, во кој ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција и враќањето на големите градски боеми...

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика. За музиката во живо ќе се погрижи најдобриот македонски музички состав Дрим Тим!

Билетите се пуштени во продажба од среда 28.10 преку платформата www.wayin.mk, промотивно по цена од 650 денари.. Едно е јасно, Скопје пред Нова Година ќе гори од убава атмосфера и убави луѓе. Градски, боемски, по наше... Маестро Џамбазов заедно со најдобрите македонски музички имиња...

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети.

Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански.

- Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика.

Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

- Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Популарно