На големиот православен празник, Успение на Пресвета Богородица - Голема Богодорица, отворен новиот плоштад во Скопје, во чест на мајката Божја, Богородица.
Голем број на граѓани денес го посетија плоштадот на пат кон прекрасната црква во близина.
Зад храмот, според урбанистичкиот план, се предвидува реализација на библиотека на МПЦ, во која ќе се чуваат нејзините вредни книги, а исто така и крстилница и простории за богослужителите на „Пресвета Богородица“.
Предниот дел од црквата, со поглед кон реката Вардар, е наменет за седиштето на МПЦ, односно официјалната резиденција на архиепископот охридско-македонски, Господин Господин Стефан.
Фото: Сител