Кога ќе се смири тлото под Скопје?

Почвата под скопскиот регион има тенденција на смирување, велат сеизмолозите од сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

383949-registriran-tret-zemjotres-vo-makedonija-660x400

-Во текот на завчерашниот ден имаше уште неколку помали земјотреси со амплитуди од 1,9 степен, а граѓаните не ги почувствуваа иако претходно се чувствуваа и потреси со јачина од 1,5 степен според Рихтер. Значи дека ударите се се подлабоки и се помалку се чувствуваат на површината на земјата. Тоа изгледа ветувачки дека сепак земјата ќе се смири и дека скопјани може да здивнат, изјавија од oпсерваторијата за „Дневник“.

Серија земјотреси во изминативе четири дена чиј епицентар беше во скопскотo подрачје предизвика значителна вознемиреност и загриженост на граѓаните. Според сеизмолoзите ваква серија и интензитет на земјотреси не се случиле во долг временски период ако не се земе предвид земјотресот од 1963 година.

Kако причина за серијата земјотреси сеизмолозите од опсерваторијата при ПМФ ја наведуваат тектонската раздвиженост на африканската и евроазиските тектонски плочи. Тоа ги наведе да размислуваат и за можна поврзаност за земјотресите во западна Турција, во близна на Измир со потресите кои во скопско се случуваа во изминатите два дена, по оној најсилниот од неделата со 5,3 степени.

Завчера во таа област имаше десетина потреси, но сите беа помеѓу 2 и 2,5 степена. Потреси имаше и во Романија со сила од 3,4 степени, во Босна со сила од 3,6 степени, во Бугарија со сила од 2,4 степена и во Грција каде што беше измерен еден земјотрес од 2,1 степен.

Последен земјотрес во Скопје со поголема јачина беше тој во 1,30 часот по полноќ во средата со интензитет од три степени што повторно извади многу жители на главниот парк по дворовите и парковите.

Српските полицијци со подароци за медицинските работници

Полицијата во Крагуевац на несекојдневен начин искажала почитување кон здравствените работници на тамошниот Клинички центар  за се што прават во борбата против коронавирусот.

Имено,за време на полицискиот час, при сопирање пред зградата на Клиничкиот центар, полицајците на дамите во бело им подарувале цвеќе, додека на здравствените работници им врачувале пенкала и шолји со пораката „Полицијата вели благодарам“.

„На овој начин полицајците сакаа да искажат благодарност на здравствените работници“, соопштено било денеска од Полициската управа во Крагуевац.

Инаку, крагуевчаните секоја вечер во 20 часот им аплаудираат на здравствените работници во знак на поддршка.

извор: ulica.mk

Дали ќе се заразиме ако во продавница допреме нешто, или ако изедеме нешто што на себе го има вирусот?

Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, докторка од Белград за „Спутник“, одговорила на прашањето што ќе се случи ако во продавница допреме нешто што на себе има патогени на коронавирусот?! Самоизолацијата, социјалната дистанца и седење дома се апсолутно неопходни средства во борбата против коронавирусот. Меѓутоа, неопходно е барем еден член на секое семејство да отиде во набавка, каде е неизбежен контактот со артикли кои ги допираат повеќе луѓе, пренесува „Мондо“

Што да правиме во случај ако додека пазаруваме допреме нешто заразено? Одговорот на тоа прашање го дава Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.

„Дури и ако вирусот е на кожата, тоа не е влезно место. Ако ги измиете рацете после тоа, тоа е превентивна мерка која одговара. Само е важно со контаминираната рака да не ги допирате устата, носот, респираторниот тракт воопшто“, вели таа.

Д-р Кисиќ-Тепавчевиќ објаснува и кои мерки треба да ги преземеме кога станува збор за намирниците, но и кесите од продавниците.

„Јас се однесува исто како и досега. Кога ќе се вратам од набавка, ги оставам кесите, ги вадам намирниците и потоа ги мијам рацете. Нема да се заразите дури и ако кесата ја ставите во уста, а не верувам дека тоа го правите. Суштината е во хигиенските мерки, а се однесуваат на редовната хигиена на рацете. Дури и ако предизвикувач на инфекцијата се наоѓа на рацете, нема да се разболиме ако не ги допираме устата или очите, односно ако не го внесеме респираторно или конјуктивно“, вели таа.

А дали ќе се заразиме ако изедеме нешто што на себе го има вирусот?

„Не, нема да се заразиме, бидејќи е утврдено дека на тој начин не се предизвикува болеста. Првобитните хипотези беа дека овој вирус за прв пат се пренел преку намирниците од пазарот во Вухан. Меѓутоа, истражувањата ја исклучија таа можност“, додава таа.

Заменичката-директорка на Институтот за јавно здравје „Батут“ рекла дека е забележливо оти поголем број на луѓе почнале подолго да ги мијат рацете, отколку пред појавата на епидемијата.

„Поголем дел од луѓето сега почесто ги мијат рацете, и се надевам дека тоа ќе остане пракса и кога сето ова ќе заврши“, додава таа.

СЗО: Коронавирусот се повеќе напаѓа млади луѓе

Многу повеќе помлади луѓе имаат потешка форма или умираат од новиот корона вирус, предупреди Светската здравствена организација.

Експертите на СЗО се обидуваат да откријат зошто се повеќе здрави пациенти, кои претходно немале никакво хронично заболување, се наоѓаат во одделите за интензивна нега со тешки форми на заразата.

„Се уште има многу непознати во моментот. Општо, повеќето од пациентите, кои имаат тешка форма на коронавирус и се примени на интензивна нега, се повозрасни лица и обично имаат една или повеќе хронични болести. Сепак, она што се забележува во некои земји е дека пациентите на 30, 40 и 50 годишна возраст многу често завршуваат во оддел за интензивна нега, а случаите се повеќе завршуваат со смрт, изјави експертот на СЗО, доктор Марија Ван Керхове на прес-конференција во Женева.

Изјавата на експертите од СЗО доаѓа во момент кога 13-годишно момче без никакви претходни здравствени проблеми, почина во понеделникот од Ковид-19 во лондонска болница. Во Кореја еден од шест смртни случаи како последица од новиот корона вирус, се меѓу луѓе на возраст под 60 години, покажуваат статистичките податоци на СЗО.

Во Италија околу 10 до 15 отсто од луѓето, кои починале по интензивно лекување во болница, биле на возраст под 50 години. Минатата недела во Велика Британија почина 21-годишна девојка заразена со корона вирусот, без да има претходно какви било здравствени проблеми.

Популарно