Потребни реквизити: Nescaffe 3 во 1; добро друштво; уште подобар муабет; инспирација; фотоапарат; шминки; вешта рака; добро расположение и желба за блескање!
Еве доказ дека скапи стилисти, шминкери и фризери не ви се потребни за секојдневно да изгледате како излезени од модно списание.
Чекор 1: Се собирате пред излегување со другарките, ја пуштате омилената музика, кафе, цигара и сите пропратни ритуали. Во овој чекор најбитно е да имате никаква шминка на лицето.
Чекор 2: Ви почнува омилената песна, откачувате и сфаќате дека предобро се чувствувате. Ако така се чувствувате, зошто и така да не изгледате? Тука започнува делот со основата. Добро нанесена основа е пола завршена работа.
Чекор 3: Очите се огледало на душата. Затоа многу е важно правилно да ги истакнете за да ја пренесат вистинската порака.
Чекор 4: Ништо не може да ви го разубави денот како блескаво - заводлива насмевка. Ваша единствена „грижа“ е да ја изберете вистинската боја и тука некаде сте ја завршиле работата.
Чекор 5: Сега се што ви останува е заедно со омиленото парче облека да ја „облечете“ и вашата самодоверба. Спремни сте да освојувате!
Ви докажавме дека е можно во домашна атмосфера да направите да изгледате како филмска ѕвезда, нели?
ПРОБАЈТЕ ГО ОВА ДОМА ! :)
(непрофесионален)Модел: Антоанета
(непрофесионален)Шминкер: Наташа
(непрофесионален)Фотограф: Теодора
Текст: Марија