Секс упаство за секој маж: Како да ја доведете до лудило?

Како и во секоја работа во живото, така и во сексот, дел е талент, дел тренинг. Оној дел со талентот е веќе даден и не можете да делувате на него, но со упорен тренинг можете да го извадите својот максимум. Овие едноставни 5 правила ќе го направат тоа за вас.

cham-widescreen-wallpaper-tapety-Couples-erotic-Couple-Misc-Sexy-Couples-mmmm-CZARNO-BIAŁE-Erotice-sensual-sxy-MORENNA-bw-xxx-sexy-sensual-nudes-Etc-

Времетраење

Истражувањата покажаа дека на жените им требаат 30 минути да постигнат оргазам. Мажот може да го доживее својот после неколку минути. Поради тоа жените се преокупирани со темата дека сексот може да потрае, па затоа глумат оргазам или остануваат без него.

Тајноста се крие во пуштеноста. Па така доколку се грижите за партнерката, треба да ѝ дадете до знаење дека ќе бидете среќни ако сексот потрае и ако таа дојде до оргазам.Прво опуштете ја, започнете со масажа, така ќе ѝ помогнете да се опушти, а потоа продолжете со жешките игри во кревет.

Фалете го нејзиното тело

Женскиот оргазам е и емоционално искуство покрај физичко искуство. И додека за мажот облеката е пречка кон уживањето, таа можеби се чувствува посигурно. Можеби за вас нејзиното тело е секси и привлечно, но таа нема да го знаете тоа ако вие не ѝ кажете и покажете стотина пати. Дајте ѝ до знаење дека е прекрасна кога ќе ја соблече облеката.

Повеќекратен оргазам

Не, не се шегуваме. Некои жени може да имаат повеќекратен оргазам. Постојат два видови, оној кога оргазмите се издвоени со временски интервал од 2-3 минути, и оние кои се со временски интервал од само неколку секунди.

Откако жената ќе доживее оргазам можете да продолжете да ја бакнувате и допирате, додека клиторисот треба да се одмара, додека нејзиното дишење не се смири. Доколку таа позитивно реагира, продолжете да го стимулирате клиторисот и таа може да доживее уште еден оргазам.

Користете го јазикот

Повеќето жени лесно достигнуваат оргазам за време на оралниот секс, а постои и анатомска причина за тоа. Повеќето чувствителни нервни завршетоци кај жените се наоѓаат во клиторисот и околу вагиналниот отвор. Покажете ѝ колку сте вешти со јазикот и сигурно ќе ја доведете до целта.

Патот и не е толку тежок

Постојат повеќе начини кои може да ви ги олеснат патот до женскиот оргазам. Жената може да дојде до врвот со стимулација на клиторисот, а може и со стимулација на Г-точката. Може да користите и секс играчки, денеска барем постојат гаџети кои помагаат да се стимулираат двете точки истовремено.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно