ВИДЕО: Мето Јовановски во светската реклама за Хајнекен!

Македонскиот актер  Мето Јовановски уште еднаш го покажа својот раскошен талент. Овој пат тој е дел од најновата реклама на Heineken за светски пазар, The Odyssey Film.

Untitled

Одличната рекламата која се прикажува насекаде низ светот трае две ипол минути, a всушност е дел од целиот истоимен интерактивен филм кој трае 47 минути. Мето во рекламата и во филмот глуми капетан на брод и притоа на српски ја кажува репликата „Тоа може да биде еден човек“!

Дневен хороскоп

Овен

Овни, во љубовта, очекувате нештата да се одвиваат во ваша корист, но денес тоа нема да се случи. Не брзајте, почекајте да помине овој неповолен емотивен бран. На професионално поле, ќе ве побараат за соработник или ќе бараат мислење или совет од вас. Бидете објективни и проценувајте без емоции. Дружете се само со луѓе кои се добри за вашата душа.

Бик

Бикови, помошта ќе ви биде добредојдена при завршувањето на некои проекти на кои се соочувате со пречки. Поставете си граници и не дозволувајте другите да ги преминат. Ве очекуваат нови работи на професионално поле, а среќата ќе ви биде наклонета и на финансиско. Срцето ве води во правилна насока.

Близнаци

Близнаци, на емотивно поле, и да одите чекор напред, па чекор назад, пак ќе бидете во плус, зошто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и вашата сакана личност. На професионално поле, една тајна има голема тежина, а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денес ќе размислувате само за тоа.

Рак

Ракови, денеска ќе бидете склони да ги користите парите како средство за да се усреќите себеси. Ова е ден кога ќе одлучите да се почестите со нешто поскапо, полуксузно од вообичаено. Не грижете се поради тоа, нема ништо страшно во тоа да потрошите дел од вашата заштеда. Најважно е дека тоа ќе ве расположи.

Лав

Лавови, на деловно поле, работите се одвиваат со молскавична брзина, но тоа ве поттикнува на акција. Важно ви е да уживате во секој момент кој животот ви го нуди, па со право ќе си дадете одмор кога ќе мислите дека е потребно. Имате шанса да започнете нови проекти, фокусирајте се на квалитетот. Разговорите со саканата личност се одвиваат како „подмачкани“.

Девица

Девици, срцето и интелектот ќе ви се спојат, па ќе бидете незапирливи. Ќе го правите она што го сакате и ќе го сакате она што го правите, а таа страст несомнено ќе ви донесе неверојатни резултати. Ова се моменти кои не треба да ги поминувате непродуктивно и во бесмислени разговори кои немаат поента. Фокусирајте се на правилните нешта.

Вага

Ваги, сега е време за промени, посебно доколку сакате да направите некоја поголема реорганизација во животот. Тоа се поврзува со партнерските односи, соработките со другите и новите прилики. Треба да искористите сѐ, затоа што токму сега е најсовршеното време за промени. Ако сте слободни, не брзајте со влегувањето во нова врска.

Скорпија

Скорпии, вашата романтична душа ве прави премногу чувствителни. Сепак, немојте премногу да ја идеализирате саканата личност. Дадете сѐ од себе и бидете реални и не пронаоѓајте проблеми таму каде што ги нема. Сега е период кога ништо не е така како што изгледа, па затоа држете се до фактите. Ако сте слободни, ќе запознаете некој на настан.

Стрелец

Стрелци, пронајдете го сопствениот мир и ставете ги работите во ред. Разговорот со одредени луѓе на професионално поле ќе ви помогне да почнете да ги гледате работите од нов агол, па ќе им пристапите на нов начин. Во љубовта владее магична и пријатна атмосфера, уште ве држи празничната треска.

Јарец

Јарци, денеска сите ќе ги мотивирате на работа, а вашиот ентузијазам ќе придонесе за одлична работна атмосфера. Ќе биде вистинско задоволство луѓето да ве гледаат додека со голем елан несебично ја работите својата работа, па дури им помагате и на колегите. Една интересна личност ќе ве покани на ручек или вечера.

Водолија

Водолии, на емотивно поле, веќе посакувате со саканата личност да создадете заедница и да започнете живеење под ист покрив. На професионално поле, ќе добивате аплаузи и пофалби за вашето знаење и стручност во една област која не е својствена за вас, а сето тоа ќе биде значајно за работата и за фирмата во којашто работите.

Риби

Риби, ќе бидете реални и објективни и благодарение на тоа ќе донесете фер одлуки. Време е да откриете кои ви се вистински пријатели. Нема да ви биде тешко да се фокусирате на најтешките делови од работата, но бидете трпеливи со колегите. Не плашете се од промените на љубовно поле, потребно ви се новини на тоа поле.

Секој хороскопски знак знае како да ги изнервира оние околу него

Секој од нас си има свои „бубачки“ со кои им оди на нерви на оние околу нас.

Во продолжение, проверете што кажува вашиот хороскопски знак за тоа:

ОВЕН – нервоза

Тие се раздразливи и со ова ги иритираат другите. Ако се обидете да им помогнете, тогаш може уште толку да се изнервираат и да бидат бесни.

БИК – тврдоглавост

Дури и откако ќе го убедите со аргументи дека не е во право, тврдоглавиот Бик нема да сака да попушти.

БЛИЗНАЦИ – неодлучност

Тие не се нешто најдобри во носењето одлуки, па затоа побезбедно е вие да одлучите и само да им соопштите.

РАК – раздразливост

Тие се забавни, но колку повеќе време поминувате со нив ќе сфатите дека лутината цело време им е на врв на носот.

ЛАВ – опсесивни

Лавовите се сакаат себеси, а со тоа го сакаат и најдоброто за себе, дури и по цена останатите да се чувствуваат помалку важно.

ДЕВИЦА – критичари

Девиците, едноставно, не знаат како да се воздржат од критикување на другите, а тоа може навистина да оди по нерви.

ВАГА – лесно лутење

Вагите се лутат дури и за најневажни ситници, а тоа им оди на нерви на сите околу нив и целосно ги исцрпува.

СКОРПИЈА – затвореност

Скорпиите секогаш се загрижени за нешто, но ништо од тоа не го споделуваат со блиските. Сепак, јасно даваат до знаење дека нешто не е во ред, но не кажуваат што.

СТРЕЛЕЦ – несигурност

Стрелците се подготвени да вршат притисок додека да го добијат она што го сакаат, но сето тоа се должи на нивната несигурност.

ЈАРЕЦ – упорност

Јарците не знаат кога им е доста и не прифаќаат „не“ како одговор. Затоа и многу често им се попушта.

ВОДОЛИЈА – непредвидливост

Водолиите се непредвидливи и тврдоглави, постојано бараат нешто ново, но и остануваат емоционално недопирливи.

РИБИ – срамежливост

Рибите се забавни како друштво и со нив никогаш не е здодевно, но тешко можете да допрете до нив бидејќи во тој момент се затвораат.

Кога обичниот флерт преминува во нешто сериозно: Обрнете внимание на овие работи

Невин флерт често прераснува во нешто многу посериозно, а границата е толку тенка што некои несвесно ја преминуваат. Психологот Сузан Краус Витбурн открива кога флертот преминува во нешто посериозно и кога е потребно да се повлече "рачната".

Доколку избегнувате да му кажете на партнерот за вашиот флерт со друга личност, мора да се запрашате која е причината за вашето молчење. Или флертот не ви значи ништо или се плашите од реакцијата на партнерот, бидејќи започнавте да ја преминувате границата на флерт без обврска, што не е во ред доколку сте во сериозна врска 

Ако долго флертувате со некој кој често го гледате, тоа не е проблем ако станува збор за погледи и шеги. Меѓутоа, доколку се потпирате на таа личност и во емотивен поглед и од неа барате поддршка, а тоа не го барате од партнерот, тогаш многу е веројатно дека емотивно го изневерувате.

Емотивното изневерување е всушност откривање на некои работи со личноста со која флертувате која сè уште не сте му ја откриле на вашиот партнер.

"Често се случува луѓето да бидат привлечени од некоја друга личност, тоа не значи дека вашата врска е во криза. Тогаш само може да се запрашате што добивате од личноста со која флертувате, а не можете да го добиете од партнерот и дали навистина вреди за да се распадне вашата врска", рекла Сузан.

Многу е важно да бидете свесни на себе и на своето однесување, ако сте биле познат како некој кој претходно често флертувал и кој не може да му се посвети на една личност, тогаш немојте да се впуштате во сериозна врска, бидејќи така ќе повредите некој кој е подготвен да вложи многу труд и работа.

Ако размислувате за таа личност додека сте со партнерот, вашата врска е во вистинска опасност. Ако сте дошле до точка каде започнувате да чувствувате некои работи кон лицето со кое флертувате, сте дошле до точка каде нема враќање.

Кога ќе ја преминете границата, немојте да се правите дека ништо не се случува. Признајте си дека сте се заљубиле, размислете дали има смисла да започнете нешто со таа личност која ви се допаѓа и ако има, преминете на главната тема. Исто така, сфатете дека постои голема шанса со лицето со кое флертувате да не е вредно за распадот на вашата врска.

Популарно