Скопје ќе добие парк со праисторски животни - почнува изградбата на „Дино парк“

Во скопската Зоолошка градина вчера почна да се гради првиот Дино парк - тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци. 

Ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа, очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која ќе ја збогати туристичката понуда во Скопје. За изградбата на овој парк предвидени се околу 20 милиони денари распоредени во 2 буџетски години. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот. Ќе продолжиме и понатаму да го збогатуваме градот со секаков вид содржини кои во минатото му недостигаа, пред се со содржини за најмладите, но и со содржини кои ќе го подигнат квалитетот на туристичката понуда што секако ќе даде позитивни ефекти и во економијата – рече денеска градоначалникот Шилегов, на презентацијата на проектот за новиот Дино парк.

Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза, еден влез од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат распоредени сите придружни елементи - патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се надополни со ново.

Шилегов: Од догодина за да фрлите ѓубре во контејнер во Скопје ќе треба да имате картичка

Една од новините што ја подготвува Петре Шилегов, градоначаникот на Град Скопје за следната година е станарите да можат да ги отвораат контејнерите пред својата зграда со картички за никој друг да не може да им ги узурпира.

Оваа идеја Шилегов ја претстави како гостин во телевизиската емисија „Топ Тема“ и додаде дека контејнерот нема да се отвора доколку не се покаже картичката. 

Според Шилегов, станува збор за смарт-контејнери кои ќе им сигнализираат на комуналните служби дека се полни и дека треба да бидат наскоро испразнети.

ВИДЕО: Адем и Бајруша живеат под мост во Аеродром, ги издржува синот кој продава пластични шишиња

Животот за еден е мајка, за друг макеа. За Адем и Бајруша за жал животот е макеа. Покрај судбината, со нив се поигруваат и институциите. Адем четири месеци добивал социјална помош, но му ја укинале бидејќи, како што раскажува тој, требало двајцата со Бајруша секој месец да се пријавуваат во Завод за вработување, што за Бајруша е проблем поради нејзината болест.

Под мостот „Близнак“ во Аеродром веќе два месеца живеат Адем и Бајруша со нивниот 30 годишен син. Тука се откако газдите на куќата во која престојувале под кирија, ги избркале, иако редовно ги подмирувале сметките. Единствен кој се спасил од животот под мост е најмалиот син, кој се оженил со ќерката на сопственикот на куќата.

Бајруша токму под овој мост доживеала мозочен удар, по што има потешкотии во говорот. За неа се грижи Адем, кој исто така е болен, од астма. Единствен кој е работоспособен во семејството е синот кој се занимава со собирање пластични шишиња, но би сакал да најде постојана работа. Образование нема, но е вреден и чесен, вели Адем.

Покрај судбината, со нив се поигруваат и институциите. Адем четири месеци добивал социјална помош, но му ја укинале бидејќи, како што раскажува тој, требало двајцата со Бајруша секој месец да се пријавуваат во Завод за вработување, што за Бајруша е проблем поради нејзината болест.


Популарно