ВИДЕО: Тешка сообраќајка кај Порта Влае - едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва во населбата Влае, на булеварот близу комплексот згради Порта Влае.

Во несреќата учествувале четири возила, Ауди караван со бугарски регистарски ознаки и мерцедес, БМВ и товарно комби, сите со скопски регистарски ознаки.

Според очевидци, до несреќата дошло откако аудито се обидело да го претекне комбето од десна страна и удрило во возило кое било паркирано при што настанал вистински карамбол.

Очевидците тврдат дека возачот на аудито бил во алкохолизирана состојба. На местото на несреќата полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато и по една лента.

Извор: Пресинг

ВИДЕО: Камион од хорор филм на Партизанска во Скопје

Комуналната хигиена во Скопје кое е задолжено да ги чисти улиците во главниот град, но наместо тоа камионот повеќе прави ѓубре во буквална смисла на зборот, наместо да чисти.

Граѓаните преку илјадници коментари во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ го нападнаа градот на чие чело е Петре Шилегов, но и Јавното претпријатие комунална хигиена Скопје.

„Не е само чистење и запрашување од комарци и други штетни инсекти“, „Ова како старите правосмукалки“, „Оваа техника се вика чистење со запрашување на градоначалникот сообраќаец“, „Гори поле, топе се планине“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Пожар во центарот на Скопје

Избувна пожар вечерва во станбена зграда во центарот на Скопје на булеварот „Свети Климент Охридски“ потврдува МВР за весникот Вечер. Пожарот се уште не е локализиран иако противпожарни екипи работат на теренот.

Извор: Скопје Инфо

Популарно