ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во МТВ

Снимката е од проба на оркестарот ФАМЕС, кој е сместен во зградата на Македонската телевизија. Како што може да се види, одеднаш музичарите срипуваат од столчињата и тргнуваат бргу да ја напуштат салата во која ја изведуваат пробата.

Untitled

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните на Скопје, а многумина бргу ги напуштија своите домови. Во паниката дел од жителите на градот се здобиле со полесни повреди, кои настанале поради излузгувања и падови при обидот да ги напуштат своите домови.

(Фото) Тешко повредена жена велосипедист во близина на Рамстор пред малку

Од фотографиите што ги испратија случајни минувачи кои се нашле во моментот на сообраќајната несреќа може да се види како бел џип со скопски регистарски таблички удрил во велосипедист на пешачкиот премин што се наоѓа во близината на Рамстор на булеварот Св. „Кирил и Методиј“ или поточно пред зградата на АЕК, објави порталот СКопјеинфо.

Од она што може да се забележи дека повреденото лице е жена, а присутна е екипата и на итната помош.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно