Андон Дончевски првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација го повика Дарко Панчев да се смират.
На прославата на 20 години од првиот меѓународен натпревар на македонската фудбалска репрезентација Дарко Панчев не се појави. Овој негов потег предизвика револт кај првиот селектор на Македонија Андон Дончевски кој остро ја искритикуваше македонската „Златна копачка“.
Сепак, неколку дена подоцна во интервјуто за „Република“ Андон Дончевски го повикува Панчев да се смират.
-Дарко ми е како син и јас го почитувам. Ме боли само постапката. Тој е една големина и фудбалска и како човек, по погреши што не дојде. Таа прослава беше за Дарко и за генерацијата, а не за ФФМ. Веднаш прифаќам да се смират страстите, но треба да дојде кај мене. Ќе го гушнам и бакнам како свој син, вели Дончевски.
Целосното интервју со првиот македонски селектор можете да го прочитате во неделникот „Република“.