Остварувањето кое ја следи судбината на Жељко Ражнатовиќ Аркан, ќе го режира Гага Антонијевиќ, на основа на книгата на Владимир Џорџевиќ.
Според информациите на сајтот IMDB, ова остварување ќе се вика „The Rise of the Tiger“, а моментално се наоѓа во фаза предпродукција. Филмот, според планот, би требало да го следи животот на мафијашкиот шеф од Источна Европа кој се вика Тигар и кој пред да стане криминалец работел за државната тајна служба. Сајтот го цитира и лајт мотивот на книгата по која се снима ова остварување: „Секоја држава има своја мафија, но ниту еден мафијаш не ја поседува државата како Тигар“.