Болки во грбот, пропаѓање на мускулите, кардиваскуларни болести, дијабетес, рак на дебелото црево и прерана смрт се некои од ризиците на кои се изложува работникот кој седи, покажаа повеќе најнови студии.

- Седењето води во прерана смрт, вели Роб Деноф, семеен психолог во Пенсилванија и член на Американското здружение на остеопати.
- Ние сме општество без енергија, поголем дел од времето седеме во канцеларија, а кога ќе дојдеме дома се нафрлуваме на каучот пред телевизор. Таа комбинација може да биде смртоносна, тврди Даноф.
Според американскиот Институт за здравје, просечен возрасен Американец отседува 7,7 часови на ден, а 70 отсто од вработените во канцеларија поминуваат повеќе од пет часа дневно седејќи зад работна маса.
Колку повеќе седиме, толку циркулацијата на крв е полоша и носи низа опасности за човековото здравје.
Тренингот во клуб после работа не е доволен, наведуваат експертите.
Според студијата објавена во „The Archives of Internal Medecine“, опасноста од прерана смрт просечно е за 15 отсто поголема кај лица кои седат осум часови на ден, а за 40 отсто кај лица кои седат и подолго (11 часа на ден), во однос на оние кои седат помалку од четири часа.
Американското медицинско здружение (АМА) им препорача на „работодавците и на вработените да пронајдат алтернатива за седечката положба, на пример компјутери поставени високо за да вработените можат да стојат или седат на топки“.
Џеф Мелцер од компанијата „Линколнвуд“, специјализирана за работни простори, истакнува дека лани продажбата на таквите стоечки канцеларии, се зголемила за 50 отсто.
Меѓуоа, др. Даноф предупредува дека човекот не е создаден по цел ден да седи, но ниту е создаден цел ден да стои“, бидејќи и тоа предизвикува проблеми и советува дека „Не треба да се оди од една во друга крајност“.
Станувајте на секои половина час, одете низ ходникот, користете скали наместо лифт, сите тие решенија се добри и не налагаат купување софистицирана опрема