Пејачот Дарко Илиевски пред две ноќи фатил момче, кое преку прозорецот се обидело да влезе во неговиот дом во Аеродром. Пејачот случката ја сподели со пријателите на „Фејсбук“ и ги предупреди неговите соседи да се пазат. Како што опишува Илиевски, во 4.30 по полноќ, момче со руса коса, високо 1,75 сантиметри и не повеќе од 24 години, се обидело да му влезе во станот преку прозорец.
![Darko-Ilievski[1]](https://zase.mk/wp-content/uploads/2015/08/Darko-Ilievski1-300x172.jpg)
– Случајно отидов да се напијам вода до кујна и на враќање го гледам како се прекачува – раскажува тој, додавајќи дека иако тргнал да го брка, момчето како искусен апаш, брзо избегало.
– Пријатели, вие што живеете во општина Аеродром, споделете затоа што може да дојде и кај вас – порача тој.