ФОТО: Ова се браќата кои пукаа во докторот на Клинички

Абдул К. Н. (1979) и Имер Н. (1981)  од Скопје, вчера беа приведени по пукањето во Клиничкиот центар во Скопје во кое еден доктор заврши со прострелна рана.

sudddd3

Тие утрово беа изведени на распит пред Судот откако Министерството за внатрешни работи им поднесе кривични пријави.

Триесет и четири годишниот Имер Н. заработи кривична поради убиство во обид и недозволено тргување и држење на оружје, додека неговиот брат Абдул К.Н. (36) за соизвршителство при убиство во обид, напад на службено лице и насилство.

sudddd1

По приведувањето во полициска станица двајцата во целост го појасниле делото. Второпријавениот Абдул и претходно и е познат на полицијата, против него веќе е поднесена кривична пријава за сторени две дела, тешка кражба.

sudddd2

ФОТО: Пресс24

Коментари

Популарно